СВЕТИТЕ ОTЦИ ЗА ВОСКРЕСЕНИЕТО
Св.Николај Охридски: Христос воскресе!
Секој влегува во овој живот низ мајкината утроба, секој заминува од овој живот низ смрт и гроб. Тоа е правило. Само што за нас кои веруваме во Христа смртта повеќе не претставува мрачна бездна, туку раѓање за нов живот и враќање во својот дом. Гробот за нас повеќе не е вечен мрак, туку само една врата на која нè чекаат сјајни ангели Божји.