Македонскиот народ е заеднички именител на Црквата и Државата
Тука доаѓаме лесно до заклучок дека со векови нашиот народ страдал од окупации, пропаганди, бил обесправен во секоја смисла и мечтаел и се борел за слобода која во најголема мера ја сфаќал политички како ослободување и создавање на своја независна држава, но и како духовна слобода, односно обновување на својата народна црковна катедра, Охридската архиепископија, како современа и автокефална Македонска православна црква.