Св. Исаак Сирин: И најголемите наши жртви Бог нема да ги прими ако го осудуваме својот брат
И најголемите наши жртви Бог нема да ги прими ако го осудуваме својот брат. И од сиот свет некој да се одрече, и од сите негови блага поради љубовта Христова, и во најдлабоката пустина да оди, и да се фрли во најдалечната и најзапустена ќелија, ако братот свој го осудува, сè му е залудно. Оти, не може да се поигрува со Бога! Тој го чита срцето човечко.