Писма на валаамскиот старец (9)
Уште треба да се знае, дека човекот не може постојано да биде во едно исто расположение. И тој се менува, како и времето. Добро е да се биде на Тавор, но понекогаш мора да се биде и на Голгота; внимателниот и расудлив човек има многу можности тоа да го разбере. Ах, колку добро зборува за тоа Исак Сирин во 46. беседа.
Ти пишуваш: „Мала е надежта јас да достигнам таму каде што сте вие". Повлечи ги зборовите! Божјиот суд не ни е познат, не знаеме кој каде ќе стигне.