Учење на преподобниот Пимен Велики за плачот
Братот го праша ава Пимен: „Што да правам со своите гревови?“ Старецот рече:„Оној кој сака да се избави од гревови кои живеат во него, со плач се избавува од нив и кој не сака повторно да паѓа во нив, со плач се избавува да не паѓа во нив. Тоа е патот на покајанието, кои ни го предадоа Писмото и отците кои рекоа: „Плачете! Друг пат освен плачот нема!“