Трет ден Божик во храмот „Света Петка“ во Црниче
На 9.1.2024 г., трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше на Светата Божествена Литургија во храмот „Света Петка“ во населбата Црниче.
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.