† БЕСЕДА ОД МИТР. ТИМОТЕЈ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ НА СВ. СВЕШТ-МЧ. ХАРАЛАМПИЈ
Ние луѓето живееме помеѓу спротивставеноста на денот и ноќта, помеѓу светлината и темнината. Многу поголеми од тоа се спротивностите помеѓу доброто и злото, помеѓу љубовта и омразата, гревот и добродетелта. Помеѓу сите овие спротивставености, ние како луѓе се колебаме во текот на целиот наш живот на земјата. За време на животот на луѓето, честопати им изгледа дека патиштата на злото, гревот и порокот се полесни.