Акатист за Рождество на Пресвета Богородица
Ангел небесен кој претстои пред Бога, беше испратен кај праведните Јоаким и Ана за да им објави голема радост, зашто по својата бездетност ќе родат Ќерка Преблагословена, од Која ќе му дојде радост на сиот свет Затоа и ние, како учесници во оваа радост, на Дева пофални песни и воспеваме: Радувај се, во Троичниот Совет пред вековите избрана за Мајка на Синот Божји;