Статии на Велики Петок и литија со Плаштаницата-Соборен храм, Скопје (03.05.2024)
Адот царува над родот човечки, но неговата власт не е вечна. А кога легна во гробот, Сесилен, со Твојата животворна рака, си ги скршил клучевите на смртта, и на оние што од вечноста таму спиеле, Ти им го проповедаше вистинското избавување, Спасителе, Кој си првенец од мртвите.
Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.
Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој.
Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените
Со благодатта Христова го изгасна огнот на страстите,
о, Јануарие епископе, така подвигот твој пример стана
за твоите сострадалници: Фауст, Прокул, Сосиј, Дизидериј, Евтихиј и Акутион со кои низ оган помина.
о
Глас 2: Луѓето злочестиви и беззакони, зошто коваат завера против Христа? Зошто Го осудија на смрт животот на сите? Навистина големо чудо, зашто Создателот на светот во рацете на беззаконици се предава и на крст се издигнува Човекољубецот, за да ги ослободи од адот заробените кои викаат: Долготрпелив Господи, слава Ти.
Бог толку го возљуби светот (Јн 3,16) Можеби некои ќе речат, сега ли најде да говориш за љубовта? Сега ли, кога плодот на непријателството созреа во градината на Возљубениот; кога и земјата трепери од ужас, срцето на камењата се крши и небесното око се помрачува од негодување? Сега ли (да се говори) за љубовта кон светот, кога и Синот Божји,
Стихови за распнатиот со Христа разбојник:
Клучот на покајаниот разбојник ја отклучи рајската врата, кога рече:
Спомви си за мене (Господи, кога ќе дојдеш во Царството Свое).
Стихови на распнувањето:
О необлечен мртовецу и Слово на живиот Бог, Ти си, Боже, Кој живееш и на крстот си умртвен.
Стихови за распнатиот со Христа разбојник:
Клучот на покајаниот разбојник ја отклучи рајската врата, кога рече:
Спомни си за мене (Господи, кога ќе дојдеш во Царството Свое).
1. А кога се раздени, сите првосвештеници и старешини народни направија совет против Исуса за да Го убијат;
2. и откако Го врзаа, Го одведоа, и Го предадоа на управникот Понтиј Пилат.
3. Тогаш Јуда, што го предаде, кога виде дека е Он осуден, се покаја и ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и старешините,
4. велејќи им: „Згрешив, оти предадов невина крв.”
Забележливо е дека трикратното прашање за љубов кон Богочовекот е поврзано со трикратна заповед за водство на словесното стадо. Само оној што Го љуби Христос може да биде и духовен водач на верните. Сите други се само наемници со сомнителна лојалност – до првата мака или до првиот прогон.
Љубовта не се самооправдува, не мисли на себе и никогаш не престанува да љуби. Тоа е разликата, за која постојано ви говорам, меѓу вонредната и редовно добиената благодат, т.е. лично усвоената благодат. И Петар и Јован беа на Гората Тавор; и двајцата со своите телесни, но преобразени очи Го видоа Богочовекот Христос во полнотата на Својата слава, но Петар се откажа од Него, а Јован – не.
Зарем Христос нема да нè погледне така, со болка, со прекор, со кроткост и воедно со жалење? И тоа е целиот Суд! Како топлиот, најсветол поглед, полн со љубов и тага ќе биде страшен, болен за срцето, кое ја предало оваа љубов! Тогаш душата веднаш ќе се сети на сè - колку пати, каде и кога била предавник.
Патот на тагата и патот на возвишената благодат. Патот на страдањето, срамот и патот на надеж и спасение. Тоа е - Via Dolorosa (Патот на Солзите), по кој тргна на последното земно патување до Голгота нашиот Спасител, Преслаткиот наш Исус.
Христовите страдања започнуваат од местото каде што претходно стоеше Антониевата кула, а денес е
Никогаш во човекот Го немало Бога помалку, драги браќа, отколку денес; никогаш Го немало помалку, отколку денес! Денес ѓаволот се овоплотил во човекот да го “разовоплоти” Богочовекот. Денес целото зло се вселило во телото на човекот, за да го истера Бога од таму. Денес целиот пекол се преселил на земјата. Дали некој се сеќава, дека земјата некогаш беше рај?