Христоликиот (авто)портрет на Доменикос Теотокопулос Ел Греко
Ел Греко е можеби единствениот претставник на фигуративното сликарство кој создаде толку убедлива бестелесна симфонија од движењата на човечките тела. Тој од телесниот свет, ги пресели во Вечност. За разлика од уметноста на Микеланџело Буонароти, во која и покрај боженствената визија во фреските „Создавањето на светот“ и „Страшниот суд“, тој во ниту еден момент не заборави дека е сликар, скулптор, анатомски прецизен научник на телото.