Житие на светиот отец наш Јован Милостив, патријархот Александриски
Како пастир на словесните овци најпрвин се потруди да ја исчисти ереста, која тогаш го вознемируваше Христовото стадо. Таа ерес беше основана од некој Петар викан ‘Волко-Петар’, односно Кнафеј, Антиохиски псевдопатријарх. Тој се дрзнал на Трисветата песна да ѝ ги додаде хулните зборови: Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, Кој си се распнал за нас, помилуј нè, – како во нашиот Господ да пострадало Божеството[3].