ЛИТУРГИСКИ ЈАЗИК - Архимандрит Софрониј Сахаров
Човечкиот јазик е предназначен да изрази реалности од различни планови: постои житејски план на природни потреби; постои нему близок, а сепак од него различен план на примитивни душевни чувствувања и страсти; постои јазик на политичка демагогија; постои научен, философски, поетски јазик; на крај, највиш од сите – јазикот на Божественото Откровение, молитвата, богословието и другите односи меѓу Бога и луѓето - јазикот ЛИТУРГИСКИ.