ДУХОВНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Да бидеме искрени - современиот свет го поставува човекот на пиедестал. Го опсипува со внимание,грижливо му се наметнува, говори за него со пофални слова. Уште повеќе,го поставува во центарот на сè. Постојано ги промовира неговите интереси, ги благословува неговите сомнителни достигнувања и што е најважно - споредува сè со неговата „исклучителна“ вредност.