Пријателството на Св. Василиј Велики со Св. Ефрем Сирин
Кога Св. Ефрем ја посетил Кесарија, тој посака да го запознае големиот Василиј, основачот на Православната догма и првенец на побожноста. Св. Ефрем, кој беше прозорлив, многу го почитуваше Архиепископот на Кесарија, кого го гледаше со очите на својата душа. Во едно видение, го виде Св. Василиј со гулаб којшто блескаше светлина посјајна од сонцето и стоеше од десно на јерархот, шепкајќи му на уво. Потоа Ефрем виде како Св. Василиј им го кажува на луѓето она што ќе го слушнеше од Божествениот гулаб.