Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (18.09.2015)
Го праша авва Јован Евнух, кога беше помлад, старецот: „Како вие можевте со леснотија да го понесете делото Божјо, а ние ни со напор не можеме да го вршиме?“ А старецот му рече: „Ние можевме, зашто наше главно занимање беше делото Божјо, а на телесните потреби малку внимававме, а вам телесните потреби ви се главно занимање, а делото Божјо не го сметате за неопходно.