Страв вo страдањeтo и страв oд нeстрадањe
Тoа e eдeн ист страв и тoј ја oзначува плашливoста на чoвeкoт дали нe сe oддалeчил Бoг oд нeгo. Кoга свeта Катeрина прeтрпeла мнoгу тeшки маки, ѝ сe јавил Гoспoд и таа Гo прашала: “Кадe бeшe дoсeга, Гoспoди, да мe тeшиш вo тoлку страдања?” А Гoспoд ѝ oдгoвoрил: “Јас бeв oвдe, вo твoeтo срцe”. Нo нe пoмал страв мoжe да наидe на духoвниoт чoвeк кoга дoлгo врeмe на нeгo наидуваат страдања.






Јазикот мора многу да се намачи за да се искупи за секое празнословие и за сите свои падови и мора да ја стекне навиката за молитва. Навиката не може да се створи без труд и работа. За да дојде благодатта, мора да се пројави и смирение. После тоа патот ќе биде отворен. Молитвата ќе се прилепи за нашето дишење, а умот ќе се разбуди и ќе ја следи. Со време, страстите
Секоја помисла што донесува очајание и претерано жалење потекнува од ѓаволот. Треба веднаш да ја одбиеш, зашто ќе ти ја прекине нишката на молитвата. Секоја помисла којашто во душата предизвикува умерена болка, помешана со радост и солзи, потекнува од Бог. Благодатта Божја никогаш не го води човекот во безнадежност, туку го води кон покајание.
Тој ни ја донесува Светлината на познанито: од една страна на нашата погубна состојба, а од друга чувството за таа Божја Светлина. Прекрасна е природата на овој блажен страв: надвор од неговото очистувачко дејство не ни се открива патот кон совршената љубов, кон Бога, бидејќи Самиот Тој не е само почеток на мудроста, туку и љубов. Тој ја потресува нашата душа со
Антиномично е и кога просторно и временски ограничениот човек станува благодатно секаде присутен, и во време и во простор. Антиномична е и ситуацијата кога обичен човек стекнува таква слобода пред Бог за да може да ја смени и Божјата Волја. За ова ни говорат житијата на светиите.
Зошто вода?
Значи, брате мој, ќе треба да внимаваме никогаш да не се разделиме од Христа, и да имаме редовен допир со Него преку молитвата.
Во Стариот Завет и во старите култури постои складност помеѓу човековата душа и нејзиното име. Севкупната личност со сите особености е присутна во името. Да се знае нечие име значи да се има увид во неговото битие, па со тоа да се постигне извесна блискост, па дури и моќ на поседување над него...
А, ако сакаш да чуеш и за видовите на искушенија, тоа нема да го поднесеш без да ти наштети, осудувајќи го виновникот. Сепак, трпејќи искушенија, ќе добиеш соодветно на искушенијата, безмерна благодат. Затоа, не мисли дека, ако се откажеш од едно искушение, кај тебе нема да дојде друго. Неизбежно ќе дојде. И ако се покажеш слабак во едно, тогаш и во другите искушенија ќе бидеш таков.
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата. Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил. Во таков случај, светите Отци нe учат:
Искрената и незлобна насмевка значи веселост, а зар има кај луѓето во денешно време веселост и умеат ли луѓето да бидат весели? Веселоста на човекот е неговата најочигледна црта, која најмногу го издава. Еден карактер долго време не можете целосно да го запознаете, но штом човек барем еднаш се насмее сосема искрено, ќе ви го покаже целиот негов карактер веднаш, како на дланка.
И кога барем само би осудувале… Но ние имаме обичај и да го презираме грешникот и да ја свртуваме главата од него, како од некаква гадост. Тоа е уште полошо и многу пострашно. Но, не застануваме тука, на таа своја сопствена штета, туку веднаш одиме понатаму, и штом сретнеме некого говориме: „Знаеш ли што сторил тој и тој“, та така и во неговото срце внесуваме смут и грев.
Како блескаво злато низ оган трипати прочистено, Бог сака-ше да ја покаже твојата света душа. Па затоа кон нови стра-дања те приведе и на тешки маки те предаде. И во Марковиот манастир злобните Агарјани не те одминаа и твојата светост не ја поштедија. Бидејќи во твојот лик водач духовен видоа, од твојата беда богатство бараа. А ти, понизен останувајќи, тивко Бога Го славеше: Алилуја!
Послушанието има вредност единствено кога низ страдање и труд се отсекува самоволието. Страсните навики наликуваат на трнливи корења и природно е дека секој што сака да ги искорне ќе почувствува болка, ќе се боцне и од раката ќе му потече крв. Истото се случува и кога заради послушание кон духовниот отец се искоренуваат лошите навики.
Човекот не сфаќа, не е свесен каква скапоценост поседува. Не е свесен за тоа, сè додека таа среќа не му се одземе. За жал, не е својствено за човекот да го цени она што без труд го добива; тој не го цени сонцето, не го цени воздухот што го дише. Но, кога ќе му се одземат сонцето и воздухот, кога мракот ќе настапи и кога ќе нема што да дише, тогаш човекот ќе сфати што поседувал и од што сега е лишен.
Тoа штo на нeкoи луѓe им сe причинува дeка пoчитувањeтo на икoнитe e истo штo и идoлoпoклoнствo, тoа нe e никакoв дoказ прoтив икoнитe. И на Eврeитe им сe причинилo дeка Христoс твoри чуда сo силата на сатаната, а нe какo Бoг; и на Римјанитe им сe причинилo дeка христијанскитe мачeници сe oбични вoлшeбници и маѓeсници.
Меѓутоа, ако Господ не нѐ слуша кога Го молиме за нешто овоземно, тоа и не е голема потешкотија. Но, тешко нам ако се случи Он да не нѐ услиши кога Го молиме да ни ги прости нашите гревови. Но, и тоа ќе се случи кога воздишките и лелеците на луѓето што сме ги презреле..
„Но, состојбата на починатите, кои се на оној свет, не е конечна. Ако Господ ни вели дека секој исповедан и покајан грев ќе ни биде простен, ние веруваме дека семилостивиот Господ, за кого сите се живи, може да ги прости гревовите и на возљубените од нас, покојници.Како можат да бидат простени тие гревови? Молитвите, милостињата и помените правени во чест на покојните, можат да покријат многу гревови. Молитвата за


























