Таксистот кој ја кажуваше Исусовата молитва (16.11.2016)
Ја подаде главата нанапред, ги затвори очите и си рече: „Какви луѓе живеат овде!“ Луѓе коишто се борат за парче леб, а се молат како аскети! Луѓе од градот што живеат како пустиници. Обични луѓе што имаат надземен опит, во нивните таксиња, продавници, на работа, дома. Градот веќе не беше ист во неговите очи. Напротив, градот му заличи на засолниште за светители, на духовна арена.