ВИСТИНСКОТО ПОКЛОНЕНИЕ НА КРСТОТ
Вистинското поклонување на Крстот започнува во моментот кога, иако во мал степен, иако суптилно, ќе почнеме да работиме на својата душа и да се бориме со нашите страсти - завист, гордост, лутина; кога ќе почнеме да работиме на себеси за да може во нас да се роди нов став кон нашиот ближен. Затоа што односот кон ближниот е вистинското дело, за кое дојде Христос. Ова е вистинскиот подвиг и во тоа се изразува христијанството.