
„Отец, морам ли целосно да го оставам светот?“ „Не се секирај,“ му рекол Старецот, „ако живееш навистина христијански, светот тебе ќе те напушти.“







Создателот мој, Господ, откако зеде кал од земјата, со Своето живоносно дување ми даде душа и ме оживеа, и ме удостои на земјата да бидам господар на сè видливо, а и сожител на ангелите. Но лажливецот Сатана, преку змијата, со храна ме измами, и од Божјата слава ме одвои, и на најдолната смрт во земјата ме предаде. Но, како Господар и милосрден, пак повикај ме кон Тебе.