На 19 октомври 2006, за црковното радио на Атинската Архиепископија,
вонредно интервју даде
Ерусалимскиот патријарх Теофил.
Во опсежниот разговор со новинарите и слушателите на радиото поглаварот на Сионската Црква даде свое мнение за различни прашања како: положбата на патријаршијата по кризата, врските со Грчката Црква и религиозните заедници на Блискиот Исток, економските тешкотии на патријаршијата поради блокада на сметките наложена од Израелската држава, војната во Либан, врските со современното грчко општество.
За односите со Грчката Црква, патријархот Теофил ја истакна нејзината исклучителна улога во финансиската и секаква поткрепа на патријаршијата.
За проблемите на Патријаршијата, патријархот Теофил подвлече, дека не треба постојано да се гледа во минатото, без да се впери трезвен поглед во иднината, која за Ерусалимската патријаршија е обременета со тешки прашања и задачи, кои чекаат на своето решение.
Израелската држава не е склона на одстапки и патријаршијата веројатно ќе мора да продолжи да суштествува во такви, исклучително тешки услови.
Патријархот Теофил нагласи, дека историски Ерусалимската патријаршија играла централна улога во регионот и дека таа е единствената местна институција во Ерусалим, запазена до наши дни. Таа е Црквата на тоа место и единствениот глас на ерусалимските христијани.
Инаку, проблемите во Ерусалимската патријаршија произлегоа по смената на претходниот патријарх Иринеј, обвинет за проневера и финансиски малверзации со црковниот имот, по што израелската држава одбива да го признае новиот патријарх Теофил.
Се разбира, сличностите на состојбите се симболични и вон нашата моќ на толкување.
|