Божествена Литургија во храмот на Рождество на Пресвета Богородица (17.12.2023)
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светата великомаченичка Варвара и Свети Јован Дамаскин,
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светата великомаченичка Варвара и Свети Јован Дамаскин,
Удостој нe Господи, денеска без грев да нe зачуваш. Многупати ја повторував оваа молитва на Црквата. Нашиот безгрешен живот на земјата, ни ја отвора вратата кон Небото. Она што го спасува човекот не е богатството на знаењето. Животот без грев е она што нe подготвува за живот со Бога во идниот век.
Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Постојат надворешни показатели што ни овозможуваат да пресметаме на која оддалеченост се наоѓаме од Бога: го следиме ли Евангелското Слово? Го достигнавме ли совршенството, односно љубовта за целиот свет, без да правиме разлика помеѓу непријателите и пријателите?
Архиерејска Божествена Литургија на празникот на свети Климент Охридски во Скопје (08.12.2023 10:39)
Во чест на патронот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, во соборниот храм во Скопје се отслужи Света Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким и Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Вечерна богослужба во чест на свети Климент Охридски во Скопје (07.12.2023 10:35)
Воочи празникот на свети Климент Охридски, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Вечерна богослужба во молитвено присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ректорот на Македонската Православна Богословија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и умировениот митрополит г. Јосиф, во чест на свети Климент Охридски, патрон на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Македонската Православна Богословија. Во рамките на одбележувањето, во храмот „Св. Климент Охридски“, во Драчево, се одржа и свечена духовна академија. Празничниот леб го прекрши Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
Со песни го прославуваме преславниот првоповикан апостол Христов Андреј,проповедник на Светото Евангелие,од Бога бдахновениот просветител на руската земја,кој стои на врвот на брегот каде со неговата десница го подигна крстот.Нему како врховен следбеник кој со својот пример го посочува патот кон Христа,умилно му воскликнуваме:
Бог не љуби сите нас. Он е многу добар и им дава дожд и на праведните и на неправедните (Мат. 5,45). Он е Татко на сите нас и се грижи за сите. Само да се потрудиме да Го спознаеме и да го засакаме и ние и да станеме добри. Да Го засакате и ќе видите колку среќни ќе бидете.
Ова е доказ дека молитвата навистина влијае на организмот на клетките и субцелуларниото ниво.
Молитвата не е само заборови. Таа произведува осцилации на одредена фреквенција. Одамна е докажано дека молитвата ја менува структурата на водата. На крај, осветената богојавленска вода не е мит туку научен факт.
Во СОКОМ, беа промовирани трите нови аудио изданија на СОКОМ публикувани во 2023 година – „Историски снимки со дела од историско значење“, авторскиот албум „Од композиторскиот опус на Борис Светиев“,и аудио прилогот кон списанието „Премин“, со наслов „Црковното пеење од словенско – византиската традиција во Македонија“ во изведба на хорот на Танец.
Некој човек замолувајки еден старец му рече:
- Отец! Научи ме на најмоќната молитва во постот; затоа што се молам и се молам, но Бог не ме слуша. Сега почнува постот и би сакал да има мир во моето срце.
Старецот, со насмевка, одговори:
Во духовниот живот често, премногу често нам ни недостига љубов. Да имаме доволно храброст да застанеме пред огледалото Христово и пред нашата совест и да го признаеме тоа. Прашање на сила и духовна храброст. Тоа е дијагноза која може да се претвори во болест. Само од нас зависи дали ќе си дозволиме уште долго да останеме во оваа состојба или ќе се бориме
Другиот може да греши. Не е твоја работа да бидеш љубопитен за неговиот живот. Твоја работа е да ги видиш сопствените лични грешки и гревови и да се обидеш да ги поправиш. И првиот чекор во овој напор е да разбереш дека твојот духовен успех и спасение се преку твојот ближен, определен преку твојот однос кон другиот, кој и да е тој. Твојот став и однесување,
Тоа се случуваше на врвот од планината Синај каде што беше се искачил само Мојсеј; народот беше собран долу со забрана да не ги пречекори означените граници. Бог му рече на Мојсеја: „Ќе направам пред тебе да мине сета Моја Слава (...). Ти не можеш да го видиш Моето Лице, зашто човек не може да Ме види Мене и жив да остане.
„Во манастирот на Синај од светите мошти се чуваат главата (черепот) и левата рака на света Екатерина. Главата на света Екатерина еднаш го напушти Синај - во 1995 година. Но, оттогаш беше донесен закон според кој не смее да се изнесува ваков вид на светиња од египетската територија без да се обезбедат огромен број документи.
Веројатно, најчеста болест во современиот свет е болеста на осаменоста. Каде е спасот од оваа исцрпувачка болест? Во Црквата, ќе речете, и во право сте. Но, често се случува човек кој одамна е воцрковен, сè уште да чувствува во неговото срце измачувачка болка: „Сам сум на целиот свет… никој не ме разбира“.
Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите Отци рекле дека молитвата е мајка на сите добри дела? Затоа што таа ја донесува љубовта во нашата душа. Љубовта кон Бог и љубовта кон ближните не доаѓа во нашата душа преку друг пат, туку само благодарение на молитвата!