Вторник од Шеста седмица на Великиот Пост (19.04.2016)
Св. Тихон Задонски: Кога нешто лошо ќе видиш или слушнеш за ближниот свој, запечати ја устата со молчание, а воздивни за него кон Господа, за Он да го исправи.
Св. Тихон Задонски: Кога нешто лошо ќе видиш или слушнеш за ближниот свој, запечати ја устата со молчание, а воздивни за него кон Господа, за Он да го исправи.
Постојат многу патишта на покајанието, љубезна душо, и ние ти посочуваме еден од нив.
Кога ќе одлучиш да тргнеш по него, одбери си некој прв ден од седмицата (некој понеделник) и почни ден по ден да го читаш она што е напишано тука.
Поучени од Евангелското слово во оваа Петта, претпоследна недела од Чесниот Пост, да созерцаваме за неискажливото и несфатливо смирение на благиот и смирен Господ, Кој е единствен таков. Деновиве некои луѓе ме запрашаа: „Има многу религии, отче, и многу учители, и многу проповедници, и многу различни перцепции за Бога.
На 17.04.2016 г., во Петтата недела од Великиот пост, посветена на споменот на света Марија Египетска, Митрпополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во манастирот Вознесение Господово (Св. Спас) во Крушево. Пред Литургијата, Владиката изврши хиротесија во чтец, на богословот Благоја Атанасоски.
Многу луѓе, цели поколенија, а и секој од нас, има опит на минати грешки, опит на живот по свое, а не по Божјата волја, опит на задлабочување во мртвата суета на псевдо-животот.
И само чудото на Божествениот допир, чудото на Христовата Љубов
може да го извлече човекот од лепливите и цврсти
„Убавината ќе го спаси светот“, – напишал Достоевски. Убавината – е Бог. Колку и да го истражуваме нашиот живот, колку и да го разделуваме на составни делови, за да го разбереме неговиот механизам, животот, во својата целосност секогаш ќе биде прекрасен,Божествен и неспознатлив до крај, како што е неспознатлива убавината.
Во петтата надела од Великиот пост, посветена на Света Марија Египетска, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино се отслужи Света Божествена Василиева Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители.
„Царството Божјо не е јадење и пиење, туку правда и воздржување со светост. Затоа во него ќе влезат не богатите, туку оние што своето богатство го вложуваат во рацете на сиромашни. Така учи и пророк Давид, велејќи: Праведен е човек кој милува цел ден, кој се насладува во Господа,; тој оди во светлина и нема да се препне.
Што да сториме за нашето спасение?
Како да го обесмртиме нашето тело, да се ослободиме од власта на гревот и од власта на смртта? Тоа треба да биде наша грижа во секој миг, а, истовремено посилна, понагласена. Животот е толку краток, целта е толку висока, но, и толку многу оддалечена.
На 17 април 2016 година, во Петтата недела од Великиот пост, посветена на преподобна Марија Египетска, во манастирот на светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во Струмица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Должни сме да умреме за самите себеси, за да живеат другите! Христос рече: Не плашете се да го загубите животот, служејќи му на братот! Кој му служи на својот ближен, ја спасува својата душа за вечниот живот!
Кога некогаш си размислувам за отец Гаврил, би рекол дека ништо не ни објаснуваше, а сите наши проблеми веднаш ги решаваше. Денес, ние, цела светоотечка психотерапија и духовен подвиг до најситни детали ги објаснуваме, ама како да изостанува крајниот позитивен ефект од сето тоа во обемот во кој го очекуваме.
Деновиве ги преживуваме можеби најголемите искушенија досега – и ние како поединци, и нашата земја, и самата наша Црква. Затоа оваа ноќ, верните срца ги обедини една искрена усрдна молитва кон нашата најусрдна застапничка, за таа да помогне да се избегне насилството, нашите одговорни државни и партиски чинители да ги стават на прво место интересите на Татковината и народот, и..
На 15.04.2016 година, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи V акатист на Пресвета Богородица, во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ - Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Мирко Станкоски, протоереј Предраг Исаески, протоереј Томислав Јосифоски, протоереј Дарко Наумовски, протоереј Ивица Спасеноски, протоереј Жарко
За црковното украсување, светиот Јован Златоуст пишува: „Ако некој се советува [со тебе], сакајќи да придонесе во црквата свештени садови или некаков друг украс, нареди му да го раздаде на сиромаси. Зашто никој, – рекол тој, – никогаш не бил осуден за неукрасување на црквата“. И други светители го велат тоа.
Сите изложени изданија на саемот се со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија изложени се изложени и беспалтни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“, а со секое купено издание...
Бидејќи сме телесни, неочистени, во нашата љубов кон ближните, која треба мисловно да ја упатуваме еден кон друг, веднаш се уплива телесната страст.Но страста на страна, на неа врагот влијае. Треба да внимаваме на божествената љубов која не прави разлика. Таа не е егоистична, туку сеопфатна, таа сè простува, на сè се радува.
„Светите Отци – сигурен водич во вистинското христијанство“ од блажениот јеромонах Серафим Роуз, е првата електронска книга во издаваштво на Преспанско-пелагониската епархија.
Целосно, во pdf форма, книгата можете да ја спуштите на линкот подолу:
Во посета на Саемот на книгa Архиепископот г.г. Стефан имаше можност да се запознае со изданијата на издавачката дејност на епархиите на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија. На Саемот присуствуваше и Митрополитот г. Тимотеј.
И оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме слободата и нашата татковина Македонија - платени со бројните жртви на нашите предци, кои во аманет ни ги предадоа да ги чуваме не само за нас, но и за следните генерации. Не смееме да дозволиме државата, нашиот ...