Митрополит Тимотеј: “Изменете се!“
Спасителот, исто така, кажал: Дојдете кај Мене сите изморени и обременети, Јас ќе ве успокојам (Мт. 11, 28). Различни се бремињата што ги оптоваруваат луѓето, многубројни се, било да се лични, семејни, здравствени, економски или, пак, од општествена природа. Таквите обременувања, повеќе или помалку, ги оптоваруваат секојдневно луѓето.


Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот. Вие му се клањате на она што не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.



Оние што преку доброволни подвизи или мачеништво ќе влезат преку своето очистено срце во Царството Небесно – внатре во себе, преминуваат од смрт во живот – уште сега, и на Суд нема да излезат. Тие се и слугите коишто ќе Го одбранат Христос, сведочејќи Го во сила.

Бог не ги тера со сила луѓето да го земат крстот, но ги повикува доброволно да Го следат Него. Не е лесно да се земе крстот на страдањето, но Он тоа им го олеснува на луѓето, прв земајќи го крстот, велејќи: „Кој сака !“ Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови.
Во Христа не се укинуваат разликите туку во Него стануваат сите едно без да се мешаат. "Но не се молам само за нив, туку и за оние, што по нивните зборови ќе поверуваат во Мене за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил.
Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка Зeмјата нe гo испратила, туку нeбoтo; втoрo, дeка нe Гo испратил ангeл, туку Oтeцoт нeбeсeн; трeтo, дeка за такви дeла никoј нe e дoвoлeн oсвeн Oнoј кoј e Вeлик кoлку и Бoг, мoќeн кoлку и Бoг, милoстив кoлку и Бoг – Кoј и самиoт e eднакoв на Бoга.
Ослободувањето од гревот е ослободување од најстрашната болест, затоа што физичката болест е возможна само во физичкиот свет, а гревот е болест која ја разрушува душата, ја заразува со духовна инфекција која заедно со душата преоѓа во вечноста, и таму тоа сознание може да продолжи бесконечно.
Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам,
Согласно опитот на сите Светии, единствен темел на вистинскиот духовен живот е вистинската вера. Вистинската вера го соединува човекот со Бог. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено значи и учество во вистинска благодат. Вистинската вера е критериум за вистински духовен живот.
Во текот на својот живот, човекот се соочува со најразлични тешкотии. Тие се поврзани со здравјето, со финансиите, со работата и многу други моменти во кои човекот ги достига границите на своите можности, доколку биде повикан да се соочи со нив. Така се случуваат оние тешки моменти кога човекот сфаќа дека е совршено неспособен
И кoга гoвoри такoв чoвeк, тoј збoрува нeпoгрeшнo и никoј нe мoжe да најдe лага вo нeгoвиoт гoвoр, oсвeн oниe, кoи спoрeд прeвртeнoст на умoт, ја смeтаат вистината за лага. Какo гoвoрат луѓeтo испoлнeти сo Дух Бoжји, јаснo сe пoкажалo сo примeрoт на прoрoцитe, а уштe пoјаснo сo примeрoт на апoстoлитe. Тoлку
Па да си спомнеме тогаш за она што последно се чуло од усните на овој маченик пред да ја положи душата своја цврсто исповедајќи ја верата во Христа и да ги споиме Трифун и љубовта. Она што последно го изговорил светиот Трифун е молитвата за гонителите: „Господи не им го пишувај ова за грев“. 























