Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)
Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет и праведен живот, ја изливал Својата благодат врз нив за да се покаже Неговата сила преку делувањето на овие бесребреници.


Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено значи и учество во вистинска благодат. Затоа вистинската вера го соединува човекот со Бог. Вистинската вера е и критериум за вистински духовен живот.
Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe таланти и ги oсудува мрзeливитe кoи ги закoпуваат свoитe таланти. Свoeтo врeмe на Зeмјата Oн гo нарeкува служба и вeли дeка нe дoшoл да Му служат, туку Oн да пoслужи.
Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку за да живее вечно. Дури и нехристијаните тежнеат кон бесмртноста, иако не знаат по кој пат да стигнат до неа.
Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот непрестано ја одвраќала душата од божествената Вистина. Но денес, кога го славиме Христовото Вознесение, воплотениот Единец,
Духовниот поглед се избиструва кога човекот ќе биде способен да ги открива и гледа своите гревови. Кога ќе открие еден грев, тогаш на чуден начин тој почнува да гледа уште еден и уште еден, кои дотогаш не ги забележувал. Доволно е да ја здогледаме во себе гордоста, па таа да ни ја покаже зависта, па гневот, сребролубието и т.н.
Еве, Бог ни даде ден да се зарадуваме и да се возвеселиме во него, ни дарува ден во кој дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната, но очекувана одлука. Затоа, Ваша Светост, Вам и на членовите на Светиот архијерејски собор на Српската Православна Црква Ви благодариме од името на јерархијата, на монаштвото и на верниот народ на Македонската Православна Црква
Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде. И ти самата, смрт. И сега не си само смрт, туку, во Него, истовремено си и Воскресение. Пред Него, само страшна чуварка од поголем пад.
Да внимаваме, некои од Божјите дарови, обично, на самиот почеток не ги препознаваме веднаш како дар – во сите негови димензии, зашто ни се даваат прво како крст. Крстот, пак, треба најпрвин аскетски да го прифатиме како дар, за потоа – кога ќе го усвоиме благодатно и лично како дар, да можеме да ги согледаме сите негови димензии – што се неговата ширина и должина,
Што да напише човек за светата Евхаристија (Литургија), а истовремено да не ја открие и содржината на својот живот? Нема разлика помеѓу Евхаристијата и нашиот живот, или ако има – немаме живот. Односно, колку поголема е разликата помеѓу содржината на Литургијата и содржината на нашиот живот, толку повеќе тој е бессодржаен. Или, каков живот човек живее ако истиот не е Благодарење, себедавање на Бог и ближните?
Изразувањето на слободната волја, во градење на односот со Бог, е суштински поврзана со лојалноста, верноста. Преку слободно насочената волја кон исполнување на заповедите Божји и градење на личносна заедница со Бог се осветува или очистува и целиот човек. Затоа „само нозете“.
Одговорот на сите овие можни недоумици е дека, всушност, се случува нов квалитет на личносни односи меѓу нив, и тоа не толку поради Христовата љубов кон нив – Неговата љубов никогаш не е под сомнеж, туку поради љубовта на Марта, Марија и Лазар кон Богочовекот Христос.
Сакам да ве потсетам на уште нешто: човекот е создаден бог со самото тоа што на Бог може да му каже „не“. Но, едно е на Бог да Му кажеш „не“ од позиција на паднатост и гревовност, а друго е на Бог да Му кажеш „не“ од позиција на син Божји по благодат. Преку првото човек постепено се демонизира, а преку второто покажува дека се реализирал, ја достигнал својата полнота.
За твојата заедница со Него, сите ние коишто те познаваме знаеме и сведочиме, но јас тука пред овој свештен собор можам да посведочам за твоите последни денови, во коишто го живееше своето лично распнување, трпеливо, спокојно со целосрдечна благодарност, баш онака како што нè учеше нашиот духовен отец.
Зарем можеме да ги споредиме Светата причест со Богојавленската вода. Суштината и врвот на нашето духовно живеење е причестувањето со Светата Причест односно примањето на Самото Тело и Крвта на Нашиот Господ Исус Христос додека примајќи ја Богојавленската вода ние само духовно се укрепуваме. Воопшто се неспоредливи овие две работи како по нивната суштина така и по нивното духовно значење.
Што значи тоа во пракса? Кога некој ќе нè повреди, ние во тој момент не размислуваме за оправданоста или неоправданоста на неговата постапка, туку нашето внимание е свртено кон тоа дали нашите мисли, зборови и дела во тој момент се согласни со Христовите или не!? Дали во мојот ум и срце се случува истото тоа што и во Христовиот ум и срце при таков случај?
Таков е нашиот Бог, во Кого ние веруваме и Кој е љубов и правда! Пројавувањето на Неговата правда ние, исто така, го гледаме за време на Неговиот земен живот. Спасителот - постојано ги изобличувал книжниците, митарите и фарисеите за нивните беззаконија; со бич ги изгонил трговците од храмот, кои домот за молитва го претвориле во разбојничко гнездо.
Нeма никаква врeднoст за нас тoа какo ќe нè смeта или ќe нè нарeкува свeтoт. Важнo e, и пoвeќe oд важнo, какo ангeлитe на нeбeсата ќe нè смeтаат и нарeкуваат кoга пo смртта ќe сe срeтнeмe сo нив. Тoа e oд судбoнoсна важнoст и сeтo oстанатo e ништo. Или ниe смe бeзумни за свeтoт заради Христа или смe бeзумни за Христа заради свeтoт. Нo кoлку e краткoтраeн збoрoт свeтски!
Во нашиот подвижнички живот во Црквата ништо друго не правиме, освен тоа што градиме љубовен однос со Богочовекот Христос. Црквата е Богочовечка тајна во којашто ја живееме тајната на воплотувањето Христово – вистината дека Бог толку Го возљуби човекот што се поистовети со него, дојде во овој свет воплотувајќи се, стана човек.























