Архимандрит Софрониј: Кога луѓето би ги исполнувале заповедите Христови, на земјата би било рај
Од Старечникот: За Авва Павле Простиот
Дошол еднаш тој во манастирот на посета, а и заради духовна корист на браќата. По вообичаените заемни поздравувања, тие пошле во светата Божја црква да отслужат служба. Блажениот Павле внимателно го набљудувал секој што влегувал во црква за да види со какво
За душевниот мир – Св. Серафим Саровски
Душевен мир се стекнува преку скрби. Писмото вели: Влеговме во оган и вода, и Ти нé изведе на слобода (Пс. 65:12). Патот на оние кои сакаат да Му угодат на Бога, минува преку многу скрби. Како ќе ги ублажуваме светите маченици заради страданијата што ги претрпеле за Бога, штом не можеме да истрпиме една треска?
Благодатта на Светиот Дух ме научи да го љубам човекот и секое создание
Ми дарува да Те спознаам. Ми дарува да ја спознаам благодатта Твоја. Вкусете и ќе видите, колку е благ Господ (Псалм 33,9). Ми дарува да ја вкусам благодатта и милосрдието Твое, а душата моја ненаситно копнее кон Тебе дење и ноќе и не може да го заборави својот возљубен Создател,
Свети Григориј Богослов: Животни вистини
Виното е потпалувач за вистинатата страст – распалителна материја, фрлена во огинот и го засилува пламенот. Грижи се секогаш за вечната слава, зашто земната слава секојдневно измамува. Гневот не е безопасен советник за секој човек – што е претприемено во гнев, никогаш не е благоразумно.
Свети Јован Лествичник: „Оган кој спалува’ (5 Мој. 4, 24) и ’светлина што просветлува’ (Јован 1, 9)“
Затоа некои заминуваат од молитва како да излегуваат од вжарена печка, чувствувајќи олеснување од некоја нечистотија и вештество, а други пак, како озарени од светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост. Оние што излегуваат од молитвата без макар едното од овие две дејства,
Преподобен авва Исаиј: Поука
Кога Му се молиш на Бога, не говори: „Господи, земи го од мене ова и дај ми го она“, туку моли Му се вака: „Господи, Боже мој, Ти знаеш што е корисно за моето спасение; помогни ми и не давај ми да згрешам пред Тебе и да загинам во моите гревови, зашто јас сум грешен и немоќен; не предавај ме на моите непријатели,
Преподобен Исихиј, презвитер ерусалимски:Поука
На ѕвездата ѝ припаѓа светлината што е околу неа, на побожниот му припаѓаат сиромаштијата и смирението, зашто ништо друго не им било ставено како белег за распознавање на Христовите ученици, освен смирената мудрост и скромниот изглед. За ова насекаде зборуваат четирите Евангелија.
ава Макариј Александриски: Поука
Кога ќе ја увидиш помошта во своето срце, знај дека не се јавила однадвор, туку дека проработила благодатта која таинствено ти била дадена на Крштението. Таа подејствувала во мерата во којашто си ја замразил помислата и си се одвоил од неа...
Преподобен Силуан Атонски: За односот кон атеистите и неправославните
Некогаш свети Силуан разговарал со еден пустиник што велел: „Бог ќе ги казни сите атеисти, тие ќе горат во вечниот оган.“ Очигледно, помислата дека безбожниците ќе бидат казнети во вечниот оган му причинувала некакво задоволство…
Со видлива трогнатост, свети Силуан му одговорил:
Св. Јован Златоуст- За празнословието
Св. Игнатиј Брјанчанинов- Аскетски опит
Усвој ги за себе мислите и духот на светите отци со читање на нивните дела. Светите отци ја достигнале целта: спасението. И ти ќе ја достигнеш таа цел по природниот тек на работите. Како единомисленик и единодушен со светите отци, ти ќе се спасиш.
Небото ги примило во своето блажено недро светите отци.
Препoдобен Симеон Нов Богослов - Поука
Во секој христијанин Христос е Оној Кој војува и победува, и Тој е Оној што го призива Бога, и Кој се моли, и Кој благодари - сето тоа се дејствија на Христа, Кој се радува и весели кога ќе види дека во нас пребива тоа убедување, дека Христос е Тој кој го прави тоа.
Видението на Свети Андреј Јуродивиот за Рајот
„Се најдов во рајот, му рекол Андреј, чудесен и прекрасен, и, восхитен, се запрашав: што е ова? Знам дека живеам во Цариград, но како се најдов тука, не можам да сфатам. Бев во недоумение: дали сум во тело или надвор од телото. Бог го знае тоа. Се видов себеси облечен во најсветли облеки, толку светли како да се исткаени од молњи; на мојата глава имав венец исплетен од големи цветови; на половината бев опашан со царски појас
Св. Филарет Московски: НЕКА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС ПОСТАНЕ НАШЕ СРЦЕ И НАШ ЖИВОТ
Голема е користа за секој човек ако Христос за него постане и негово срце и негов живот. И не само што е добро за тој човек, туку тоа е добро и за сите оние коишто се во негова близи¬на, бидејќи секоја сила секогаш се наоѓа во средината и оттаму таа се шири, како брановите, насекаде и делува на се она што на тој пат ќе наиде. И оној, кој најверојатно поради својата
Свети Силуан Атонски: Патот кон спасението
Биди внимателен, воздржлив, не осудувај, чувај го умот и срцето од лоши помисли, и сметај дека сите луѓе се добри и дека Господ сите ги сака. Заради таквите смирени мисли, благодатта на Светиот Дух нема да те напушта и ќе велиш: Милостив е Господ.
Доколку осудуваш, доколку ропташ, доколку си самоволен, душата ќе ти опустоши, дури и ако многу се молиш на Бога.
Св. Климент Охридски: Слово за страдањето и мачеништвото на Свети Јован Претеча и Крстител
Ти беше првиот учител на покајанието! Ти беше единствениот кој уште во утробата на мајка си поучуваше во вератa и пророкуваше за Христа, а сега си во прегратките на небесниот Отец. Тебе Иродијада те осуди неправедно и твојата глава беше донесена за време на царска гозба, не на глинена, ниту на сребрена, ниту на златна чинија, бидејќи тоа беше гнасно за тебе, туку на царот му
Св. Јован Златоуст: Во окови Христа ради
Кој има љубов за Христа, се радува на секое страдање заради Христа. Затоа, ништо не е така славно како што се оковите заради Христа. Да се биде затворник и роб заради Христа пославно е одколку да се биде апостол или учител или евангелист. Кој Го љуби Христа ќе ги разбере овие зборови. Кој гори за Господа и копнее по Него, ја знае силата на оковите.
Славата и сетилните уживања
„… што е сета оваа слава, богатство, величественост, која неповратно го лишува лицето до смрт? И бесмртната душа, раздвоена од несовршеност, како затворена во затворот на неговото смртоносно тело, нема да најде одмор, затоа што тој човек не ја воспитувал, не се принудувал во молитва, ниту мислел на Бога, не се смирувал во лишувања и таги. О, смрт, кој може да те избегне!“
Св. Јован Златоуст: За љубовта евангелска
Кога би ја исполнувале заповедта Господова за љубов кон Бога и ближниот, тогаш не би имало ни роб, ни слободен, ни старешини ниту потчинети, ниту богати ни сиромашни, ни мали ни големи, па ни самиот ѓавол не би ни бил познат, и не само еден, и двајца да се, нека бидат и стотина и илјада, тие не би можеле да направат ништо лошо,