Свети Григориј Богослов: Поука
" Поитај , додека имаш време ,
и посети Го Христа
во болеста ,
дај Му храна на Христа ,
облечи ја Неговата голотија ,
" Поитај , додека имаш време ,
и посети Го Христа
во болеста ,
дај Му храна на Христа ,
облечи ја Неговата голотија ,
" Речиси секој грев
се случува заради нашето
самоугодување ,
а потоа се искоренува со страдање или тага ,
волно или неволно ,
под дејство на покајание
или некоја друга несреќа ,
Благодатно дело е да се хранат гулабите и другите птици.
Тоа е многу корисно и многу важно - да се хранат гулаби.
Гулабите се молат за умрените луѓе: кога тие колваат леб или зрно - тоа се метании за упокоениот,
доаѓа до очистување на гревовите, затоа, колку повеќе гулаби, толку повеќе метании.
Оние кои ќе им пријдат на страдалниците природно
Му се приближуваат на Бог,
зашто Бог е секогаш
покрај своите чеда
кои страдаат.
Заминал на планината Олимп и со голема ревност го продолжил подвигот. Најпрво се населил во една пештера, која е зачувана и денес. Но многуте тешкотии, гонења, клевети го принудиле да го напушти саканиот Олимп и да отиде на југ на планината Пилио, каде што изградил манастир на Света Троица (Сурвија). Подоцна се вратил на Олимп и во 1542 го изградил првиот манастир, исто така во чест на Света Троица, кој и до денес е зачуван.
Ава Макариј раскажувал:
Еднаш минувајќи низ пустината, најдов череп од некој мртовец, фрлен на земјата. Кога го удрив со палмино стапче тој нешто ми проговори. Го запрашав: "Кој си ти?" Черепот ми одговори: "Бев главен жрец на идолите и на паганите што живееја на ова место. А ти си Макариј - духоносецот? Ти, сожалувајќи се над настраданите во маки, кога ќе почнеш да се молиш за нив тие чувствуваат некаква радост!" Го прашав: "Каква е таа радост и какви се тие маки? "
Еднаш некој јеромонах му кажал на старецот: „Кога така би постапиле само непријателите од тоа ќе имаат полза и злото ќе слави“. Старецот се воздржал од одговор бидејќи неговиот собеседник не можел да ги разбере неговите зборови, но подоцна на друг му кажа: „Зарем Христовиот дух може некому да му посакува зло? Зарем Бог на тоа нè повикува?“
Неблагодарноста и лакомоста се големи зла. Оној кој владее со материјалните работи, со него владее напнатост, потиштеност и тегоба, затоа што час трепери да не му ги земат работите, а час да не му ја земат душата. Еден ден, дојде некој богат човек од Атина, и ми рече: „Оче, изгубив контакт со моите деца; ги изгубив децата“. „Колку деца имаш?“ го прашав.
Во претходните глави ние се обидовме да го изложиме учењето на свети Григориј Палама за Божеството во Неговата непостижна и недостапна надсуштина и откровението на светот преку Своите несоздадени енергии. Тие енергии се безбројни, во нив тварта реално се приопштува на Самото Божество и Бог присуствува во созданието. Едно од таквите откровенија на Божеството на светот, една од Неговите енергии е, според учењето на свети Григориј Палама,
Тие енергии Божји, објаснети од свети Григориј Палама како пројавувања и откривања на Самиот Бог, неразделни од Него, природно се јавуваат, според смислата на неговото учење за Божеството, несоздадени (зашто во Бога нема ништо создадено) и се означуваат со имињата на Божеството, а не со суштеството Божјо, зашто последното е совршено неискажливо и неименливо.
Прашањата за можноста за богопознание и за неговите патишта има прилично значајно место во делата на свети Григориј Палама. Потребно е, сепак, веднаш да се забележи дека исходна точка на сето негово учење е утврдената од него потполна недостижност на Бога за разумот и Негова неискажливост со зборови. Таа мисла за непостижноста на Бога за разумот кај свети Григориј Палама е поврзана со сето негово учење за природата на Божеството,
Ако видат некаде малку нечистотија која не се чисти, ја покриваат со плоча, за да не се згрози некој друг, ако ја види. А пак, оние што чепкаат по ѓубрето, личат на кокошки…Не е искрен и доблесен оној што ја кажува вистината в лице, ниту оној што ја обзнанува, туку оној што има љубов и вистински живот, што зборува со
Бидејќи многумина меѓу незнабожците, кои слушнаа дека Бог телесно се родил, се потсмеваат и го порекнуваат тоа, со што само ги вознемируваат и збунуваат простодушните луѓе, потребно е да го подигнеме својот глас против нив, и да не дозволиме со заблудите на тие безумни луѓе да се вознемируваат верните.
Кoга сe случилo нeкoј бунт вo Сoлун и кoга пo нарeдба на царoт Тeoдoсиј билe убиeни 7 000 луѓe, сe налутил Амврoсиј на царoт тoлку мнoгу, штo кoга oвoј гo пoсeтил Миланo и сакал да влeзe вo црквата, свeтитeлoт му забранил. Царoт му рeкoл на Амврoсиј: “И Давид пoгрeшил и нe бил лишeн oд Бoжјoтo милoсрдиe”. Тoгаш eпискoпoт прoгoвoрил: “Акo гo пoддржувашe Давида вo грeвoт, пoддржувај гo и вo пoкајаниeтo”.
Наспроти тоа, знаењето без љубов, не може да го спаси човекот! Без дух на покајание, без опит на вистинско послушание, никој не може да стане вистински богослов или свештеник, што значи, личност способна да ги поучи другите на вистинскиот христијански пат. За да ја научиме вештината на животот во Христа, не е потребно да прочитаме десетици или стотици книги. Мојот духовен Отец ме советуваше да читам само неколку страници на ден
Замисли си една лоза, богата со нежни ластари, зелени листови и сочно грозје. Колку е само убава! Но, кога ќе ја соберат, остануваат само лисјата. Малку по малку, таа и лисјата ќе ги отфрли и, што ќе видиш? Голотија, од која сè паднало на земјата и изгнило.
Бидејќи, штом почнеме и најмалку да се сомневаме во другиот и да обрнуваме внимание на она што тој прави, нашиот ум веќе не внимава на своите грешки. А после тоа веќе доаѓа озборувањето, осудувањето и презирањето на другите, и на крај, неминовно – паѓање во оној ист грев, кој го осудуваме кај другите.
Ги исповедам jac многугрешниот (името) на Господ Бог и Спасителот наш, Исус Христос и тебе, чесен оче, сите мои согрешенија и сите злодела кои ги направив, или помислив во сите дни од мојот живот, до ден денес.
Згрешив: Заветите од Светото Крштение не ги запазив, монашкиот завет не го сочував, а во сè излажав и се покажав непотребен пред Лицето Божјо.
Божјата Промисла се грижи за нас, така што и нашите најмали телесни тешкотии не остануваат незабележани од Негова страна. Како последица на тоа, секој од нас при телесна тешкотија треба вака да размислува: оваа болест или друга незгода е последица или на мојата невнимателност или на човечката злоба или на нешто друго, но во секој случај не би се случила без Божјата Промисла, која ја одредила според моите сили, така што нејзиниот почеток и нејзината тежина (ослабување или засилување) зависи од Него.
И како што нашата утеха во будна состојба се состои од умилението кое се раѓа од свеста за сопствените гревови, од сеќавањето на смртта и на судот Божји – само што тие помисли се јавуваат од благодатта Божја која живее во нас, засадена со светото Крштение, и Ангелите Божји ги донесуваат согласно со