Бугарија: Веронауката после 75 години повторно влегува во училιштата
Светиот Синод на Бугарската Патријаршија создаде свој учебник по Религија (христијанство-православие). Тоа се случува за првпат после 75 години од последните задолжителни часови по Веронаука во Бугарија. Процедурата за одобрување веќе е во финалниот стадиум и претстои уште издавање на учебникот по препорака на Министерот за образование, Красимир Влчев.


Архиепископот Пимен, уважениот и возљубен наш епископ, на 90-годишна возраст, неодамна се зарази со коронавирусот. Во понеделник вечерта беше однесен во болницата Матеј Балш, во Букурешт, Романија. Чудесно е тоа што тој служеше во соборниот храм на Митрополијата, но никој од свештениците кои се причестиле од истиот путир не е заразен!
Со благослов на Корејскиот митрополит Амвросиј, во Чонџу беше поставен камен темелник за идниот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица. Поради пандемијата на церемонијата присуствуваа само неколку верни од оваа парохија.
На прашањето дали според научниците не може а да не постои проблем со причестувањето, односно не е можно да не се пренесе зараза преку Светата Причест, отец Николај одговара: „Се разбира, и добро велат... како што велеа некогаш дека Лазар умрел и засекогаш ќе остане мртов... како што велеа за слепиот дека никогаш нема да види светлина... Бог може сето тоа да го преобрази. И на лично ниво секој од нас може да раскаже за такви чуда. И јас можам, и ќе ги опишам еден ден во мојата биографија“.
Се случи она што се нема случено од постанокот на светот: прекин на заедничка молитва во целиот свет...
Годинава, само четири свештеници пееле и запирале на 14-те места на Исусовиот пат, според Евангелието, кога ја сретнал мајка си, паднал, примил помош за носење на крстот и сретнал расплакани жени.
Светиот Гроб е затворен од средата, 25 март 2020, за една седмица, заради заштитни причини, поради епидемијата на коронавирусот.
И покрај финансиската криза, Албанската Православна Црква активно ги обновува своите цркви кои се во урнатини од времето на комунистичкиот режим од минатиот век.Според извештајот на Албанската Православна Црква, од 1991 до 2019 година целосно биле обновени 63 цркви и манастири, а десетици нови цркви биле изградени, не секогаш во лесни околности, во вредност од 10 милиони евра. Многу од обновените цркви претходно биле користени како магацини, театри, сали за концерти итн.
Денес, 9 март 2020 година, Светиот Синод на Вселенската Патријаршија ги прогласи за преподобни светите Старци Јосиф Исихаст, Даниил Катунакиски и Ефрем Катунакиски.
На 10 февруари 2020 година, во првиот православен манастир во Танзанија беше отслужена првата Божествена Литургија од страна на Неговото Високопреосвештенство г. Агатоник, Митрополит на Аруша и централна Танзанија, во Кидамали, во сослужение на танзаниски свештениц и грчки јеромонаси.
Во Грузиската Патријаршија беше организирана втора по ред округла маса на духовници и експерти, посветена на општествените опасности од сè популарните игри на среќа. Целта на средбата беше да се разработи стратегија за намалување на тешките последици од учествувањето во игри на среќа, кое ги разнебитува семејствата и самата личност. Разгледани беа мерки на претпазливост кај зависност од хазардни игри кај млади лица.
„Го почитувам тежнеењето на науката и здравствената заштита да понудат решение за некои неодложни човекови проблеми, но не можам а да не ја забележам семантичката замена што настанува при т.н. сурогат мајчинство. Забрането во многу земји, а во Русија достапно само за богатите (би сакал да го нагласам ова), процедурата, всушност, ги искористува жените, па дури и го охрабрува продавањето на деца“, изјави Патријархот на собирот.
На настанот беа собрани 11.000 долари, а истиот беше отворен од Неговото Блаженство, Архиепископот Волински Натанаил, кој ја нагласи значајноста на настанот за верните во Волин, бидејќи цели генерации пораснаа со овој настан.
Неговата Светост Патријархот Илија, возљубениот духовен отец на цела Грузија,
Старец Ефрем бил роден во Волос, Грција, на 24 јуни 1927 година. На 26 септември 1947 година, на 20-годишна возраст, пристигнал на Света Гора, каде што бил пречекан од Старец Арсениј, кој му рекол: „Пречесниот Претеча синоќа му се јави на Старец Јосиф и му рече: ’Ти носам едно мало јагне. Прибери го во своето стадо‘“.
Поттикната од сострадална грижа за своето паство, Албанската Православна Црква, заедно со Неговото Блаженство Архиепископот Анастасиј, реагираше веднаш и пожртвувано се посвети на мисијата за помагање и духовна поткрепа на жртвите од земјотресот. Целата структура на Албанската Црква не ги штедеше своите ресурси и време во процесот на обезбедување привремени засолништа за бездомните и олеснување на болките на луѓето
Претставнците на албанската црква изразија огромна благодарност кон Неговото блаженство г.г. Стефан, кон донаторите и кон МПЦ – ОА. Митрополитот Никола покрај благодарноста испрати благослов до сите донатори и до целиот наш народ. Од оганизацијата искажуваат голема благодарност до компаниите и поединци кои се одѕвале на хуманитарната акцијата за помош и најавуваат дека продолжуваат со активности за собирање помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.
Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, откако доби позитивна препорака од Комисијата за канонизација, донесе одлука да го канонизира Старецот Ероним Симонопетриски, беше игумен на Симонопетрискиот манастир, како и економ и духовен татко на метохот посветен на Светото Вознесение во Вирон, Атина, и архимандритот Софрониј Сахаров, игумен и основач на патријаршискиот ставропигијален манастир, посветен на свети Јован Крстител во Есекс, Англија.
Неодамна имаше радосен настан во Албанија, кога 12 деца беа крстени во Христос, во едно село близу Берат.
Советот на Владата на Турција донесе одлука древната црква посветена на Христа Спасителот, наречена Хора, да биде пренаменета во џамија. Веста беше објавена од сите про-владини медиуми. Сега православните христијани и католици стравуваат дека оваа одлука би можела да биде најава и за Света Софија на која ѝ се заканува истата судбина.























