логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Georgios_Kapsanis_200x250

 03/03/2016   Поуки - совети

Телесната, душевната, па дури и духовната болка се појавиле во животот на човекот по Божјо допуштение. Но, таа не носи само страдања. Многу често, таа болка позитинво влијае на нашиот живот, променувајќи го и нашето поведение.

Секако, да се философира и да се богослови за страдањето е лесно. Неспоредливо потешко е истото да се претрпи, правилно да се поднесува болката, ако треба секојдневно да ја чувствуваме. И човекот, кој самиот не знае што е тоа болка, зборува за болката многу смело. Но, сега јас мислам за нашите браќа, кои во сите краишта на замјата страдаат телесно, душевно и духовно.

Обично, телесно страдаат од различни болести, глад и неволји. Душевно пак страдаат од гонења и глевети, од недостаток на љубов и кога на нашата љубов не одговараат оние, кои ги сакаме, од неисполнети желби, од болести и смрт на нашите љубени, и од многу други причини. Духовно страдаат христијаните, кои Го љубат Бога и човекот, кога со сожалување гледаат, како луѓето со своите гревови Го „огорчуваат Бога“ и го понижуваат Неговиот образ и подобие – човекот.

Но, зошто болката и страдањата се појавиле во животот на луѓето?

Секако, не по благоволението Божјо! Но по Неговото допуштањем кога човекот заради својата егоистична непослушност се нашол далеку од Изворот на Животот и од својот Создател. Губејќи ја радоста и безболезноста на постоењето во Царството Божјо, човекот се нашол во друга состојба: вистинскиот Живот се заменил со живот, подложен на распадливост, покриен од тешките облаци на смртта, гревот и страстите, кои не пропуштаат светлина.

Но, прашањето е: дали страдањето е благотворно?

Во оваа нова состојба за човекот, мислам, дека смртта и болката станале еден вид благотворен фактор, како несомнено и другите, на пример, кожните хитони, со кои Господ ги покрил првосоздадените, кога тие принудно го напуштиле рајот. Тие хитони им послужиле на првосоздадените како некоја утеха во нивното прогонство. Смртта пак поставила крај на злото, во спротивно, злото би било бесмртно на земјата.

Телесната болка соопштува дека телото на човекот го зафаќа некоја болест и треба да се премине кон соодветното лекување. Лекарите знаат, колку дејството на болката – е добро. Покрај тоа, болките со различно потекло ни помагаат да ја почувствуваме нашата тленост, ни даваат познание на нашата ограниченост, што нè избавува од секој вид на самообожение. Болката нè поттикнува да размислуваме за тоа, како се одвива нашиот живот, ни помага да го насочиме кон неговиот правилен центар – Бог-Троица. Болката ја очистува од „примеси“ нашата љубов кон Бога, ни помага да Го љубиме Бога бескорисно, а не за некои Негови дарови (како на пример, здравје, семејна среќа, и т.н.), а имено Самиот Тој. Сетете се на Јов: многустрадален, но човек со трпение, силен како дијамант, кој безропотно ги пренесувал болестите и другите тешки страдања – и со тоа докажал, дека го љуби Бога како Личност, а не Неговите дарови и добродетели.Тој Го љубел Бога подеднакво, како во своето благоденствите, така и кога, покриен од рани завршил на буниште, и кога биле убиени сите негови десет деца.

Често, болката нè учи правилно да се однесуваме кон нашите ближни, од кои, во нашата благосостојба често се гнасиме или ги понижуваме, правејќи ги да страдаат од нашето егоистично поведение. Зашто често, дури кога ќе се разгори катастрофата – како последица на нашето безумно задлабочување во гревовните наслади, кое мачително го доживуваат нашите ближни – ние конечно ја сфаќаме сета штетност на гревот.

Многу често, луѓето, страдајќи од тешка болест, се очистуваат со неа, како златото во огнот, и го добиваат своето вистинско лице, отфрлајќи ги сите лажни маски, го славословат Бога за исцелителниот дар на болката, дури и ако нивната болест е неизлечлива. На духовно зрелите луѓе пак, страдањата им помагаат да достигнат повисоки духовни состојби, и пребивајќи на таа висина, тие се способни да утешат и да поддржат мноштво страдални души. Како пример, ќе го наведам блажениот старец Пајсиј, кој со радост ја примил тешката болест – ракот, мислејќи дека мирјаните добиваат утеха кога гледаат, како монасите боледуваат. И ужасната болест, за старецот станала благослов.

А што е болеста од богословска гледна точка?

 

Очень часто люди, страдая от тяжкой болезни, очищаются ею, подобно золоту в горниле, обретают свое подлинное лицо, отбросив все ложные маски, славословят Бога за целительный дар боли, даже если их недуг неисцелим. Людям же духовно зрелым страдания помогают достичь высших духовных состояний, и, пребывая на этой высоте, они способны утешать и поддерживать множество страждущих душ. В пример я приведу вам блаженного старца Паисия, который с радостью принял тяжкую болезнь – рак, мысля, что миряне получают утешение, когда видят, как монахи болеют. И эта ужасная болезнь стала для старца благословением.

А что же такое болезнь с богословской точки зрения?

Од устата на човек кој тешко страда, често се откинуваат восклици, родени во длабочината на неговата душа: „Зошто, зошто, Боже мој?!“ Мислам дека световен, човечки одговор на тоа „Зошто?!“ и не може да има. Затоа што одговорот е само овој: Соучеството на Бога во нашата болка и нашите страдања. Крстот Христов! Ние веруваме во Бога распнатиот, понижениот, смирениот пред Своите мачители. На џамијата во Омар во Ерусалим има натпис: „Никој да не кажува богохулства, дека Бог има син!“ Меѓутоа, во близина на таа џамија – е самата Голгота, каде што Христос пострада за сите нас. Ние, христијаните, воопшто не се срамиме да веруваме во Бога „кој се вочовечил, се распнал за нас и воскреснал“. Во Бога, Кој од бескрајната љубов станал причасен на нашата немоќност, се облекол во распадлива и страсна човечка плот, за да ја направи бесмртна. А во Бог недостапен, затворен во Самиот Себе, неопштителен, не веруваме, таквиот Бог не го чувствуваме и не го примаме.

Еднаш, една ученичка во гимназија ми рече: „Му се восхитувам на Сократ, кој со философска бестрасност ја примил смртта, но Бога го љубам – затоа што прими смрт во човечката природа!“ Да не ги забораваме зборовите: „Боже мој, Боже мој, зошто си Ме оставил?“

Божествената осетливост кон секоја болка, од која страда сета твар, ја задобиваат луѓето Божји. Тие сострадуваат во секоја нејзина пројава. Ава Исак Сирин пишува: „Горење на срцето на човекот за сета твар, за луѓето, за птиците, за животните, за демоните и за секоја твар. При спомнувањето за нив и при гледањето на нив, од очите на човекот извираат солзи – од големата и силна жалост, која го опфаќа срцето. И од големото трпение, се смалува срцето негово, и тоа не може да поднеси, или да слуша, или да гледа било каква неправда, штета или мала тага, која ја претрпува тварта. Па затоа и за бесловесните, и за непријателите на вистината, и за оние кои му нанесуваат штета постојано со солзи принесуваат молитви, да се запазат и очистат; исто и за природата на влекачите се моли со голема жалост, која безмерно се возбудува во срцето негово, како подобност во ова на Бога“. [1]

Сепак, треба да се има во предвид, дека сочувствувањето на светиите кон сето создание не е слично на будистичката интерна симпатија – тоа било дејствено учевство во страдањата на братот.

Така, ава Агатон сакал да најде некој лепрозен, за да му го оддаде своето здраво тело, а самиот да се облече во неговата болна плот.

Но сепак, болката и страдањето остануваат за нас некоја тајна, „задлабочена“ во невидливата длабочина на човечката слобода. Во овој живот нам само „делумно“ ни се приоткрива таа тајна. Кога нашите очи се очистуваат, дури тогаш јасно „ќе видиме“ сè. А засега, со почит, внимание, разбирање и братска љубов да влеземе во состојбата на секој брат кој страда и да се помолиме на Распнатиот Господ наш, да ја испрати Својата благодат и сила, и да нè научи правилно и со достоинство да ги поднесуваме сите маки и болести, кои ќе ги допушти љубовта Божја во овој временски живот – на нашиот пат кон небото.

 

Архимандрит Георгиј Капсанис

Агиа Метеора

Извор: Православие.ру

Преземено од: Преспанско-пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная