Низови
Ги спои,
одеднаш видовме низови,
минатото и иднината
пред нашата умна шуплина.
Баравме ден
а добивме Светлина,
се прашувавме кога ќе сврши,
а здогледавме урнати меѓи.
Се накалемивме на Твоите,
а штотулу за нас почнуваа мугрите,
Тие нé вивнаа во висините,
над умувањето.
Ти Кој господариш со тишината
мирот од Тебе се распространува,
не заборави дека душава
нема ни минато – ни иднина,
но сепак е Твоја.
Низови, нитки ненижани,
човечки души осветлени
се појавија во денов,
кога Рождество објави ангелот.
Сегашност нека не запира
во оваа пустелија,
да се исполни браздата
со вода од која Живот извира.
Христос се роди!
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: