Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
протопрезвитер Александар Шмеман: "Црковноста" треба да ослободува
Сепак, онаква каква што таа денес е интонирана, не ослободува, туку заробува, стеснува, осиромашува. Човекот започна да се занимава со "стариот" и "новиот" календар, со епископските сплетки или со побожноста од книгите. Духовноста започна да се сфаќа како обврска да се читаат таму некои црни, осиромашени книги полни со реторика во страв, секакви брошурички за чудата и чудотворните икони, разноразни сомнителни "попски приказни", и за сето тоа време се разработуваат „побожни„ теми. Наместо да го учи...