(Стариот конак во далечната 2007 год.)
Манастирот свети Никола во скопско Љубанци, на падините на Скопска Црна Гора е духовно светилиште кое е од особена важност не само за монашко - литургискиот живот во овој дел од Македонија туку е и заштитен споменик на културата во нашата земја...Манастирскиот комплекс „Св.Никола“ во Љубанци е несомнено едно од најзначајните светилишта на овој простор, кој во минатото го носел епитетот Света Гора.
Во олтарниот дел се наоѓа исклучително вредниот иконостас од 19. век изработен од познатиот македонски мајстор Дичо Зограф, поради кој целиот комплекс веќе пет децении е заштитен споменик на културата.Пред шест години се демонтира стариот конак кој беше руиниран и во многу лоша состојба но и со појавата на свлечиште доплнително се влоши состојбата на комплексот. НУ Конзерваторски центар тогаш посочи дека е изработен основен проект за конзервација, санација и статичко зајакнување на конакот и дека се очекува неговото враќање во автентична состојба во текот на 2016 година за што овој проект беше ставен во годишната програма на Министерството за култура..
После неколку години сеуште не е продолжена работата околку изградбата на конакот и сеуште не се поместени работите од мртва точка.Се поставија само темелите од кои веќе започна да расте и вегетација...
Фала му на Бога што сеуште постојат добронамерници кои што изминативе години помогнаа да се направат некои градежни работи потребни за функционирање на литургискиот живот во манастирот..Сепак се работи за манастир во кој што долги години се одвива активен монашки и литургиски живот.
Ќе се најде ли слух кај надлежните институции што поскоро да се дооформи убавината на ова светилиште,во кое многумина го наоѓаат својот мир и спокој и ја пронаоѓаат средбата со Бог?
Можеби овој прекрасно уреден двор ќе биде вистинска инспирација
на некого да донира интересна садница или слично.
fb Simeon Stefkovski
21.04.2021
пп
Април 2024 лето Господово
Друго: