логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Мнозина сметаат дека децата се раѓаат како да се ангели. И затоа нашето запрепастување е толку големо кога ќе ја забележиме суровоста токму кај нив, децата. За тоа од каде потекнува детската суровост и како да се справиме со неа, гласно размислуваат свештениците Дмитриј Смирнов, Валериј Духанин и Сергеј Болобородов, исто така, и мајката на многудетното семејство Наталија Јалтанскаја, како и православниот психолог Људмила Ермакова.

+ + + –

Доколку се земе в предвид нашата лутина, во тој случај би требало да се констатира дека суровоста потекнува од суровост. Земете пример, како што детето во семејството постојано е поттиснувано од неговите постари браќа, и на училиште започнува сурово да се однесува со своите врсници од класот. Така, детето само го копирало моделот на однесување од постарите. Се покажа дека ова е одлучувачкиот фактор: кога светот што ве опкружува е агресивен, детската психа се крши. Тоа често бива испровоцирано од страна на родителите кога тие меѓу себе разговараат остро, на повисок тон, или ја истураат својата нетрпеливост врз детето, а детето пак, како противодговор, се озлобува.

Поради сето ова, лично мислам дека детската суровост во голема мера произлегува поради отсуство на топлина. Детето не примило љубов, не ја почувствувало топлината на љубовта и рано започнува да го восприема како непријател светот што го опкружува. Тоа како еже ги испушта своите игли и ги боцка оние што се покрај него затоа што навикнало да ја чувствува отуѓеноста и студенилото на околината.

Денес, во најголем степен, децата не ја вкусуваат љубовта до својата крајна полнота, ним малку им се одвојува внимание. Жените не го восприемаат раѓањето на децата како главна цел во животот, ниту како нивен основен животен повик. Треба да се има деца, но таму некаде, на втор план. За мажите презафатени со работа, децата стануваат нешто налик на живи играчки. Со нив можат малку да се поиграат за релаксација, но да се занимаваат со сериозно воспитување, на штета на себеси и својата удобност, ретко кој од нив тоа го посакува. Поради тоа, детето не го добива во целост должното внимание, и можеби затоа многу често бега во виртуелните игри исполнети со крвопролевање и деструкција или гледа цртани филмови со насилни и сурови содржини. А што друго би можело од него и да се очекува?

Неопходно е да се запомни дека сите ние ја наследивме паднатата природа

Доколку погледнеме од подлабока богословска перспектива ќе го забележиме влијанието на гревот врз децата. Неопходно е да се запомни дека сите ние ја наследивме паднатата природа – децата се раѓаат со неа, и затоа веќе во детството кога детето сè уште не може да биде одговорно за своите постапки, сепак, во неговата природа, се манифестира нешто гревовно: непослушност, самоволие, негодување.

Затоа, следните редови напишани од страна на преподобниот Варсонуфиј Оптински сведочат за вистинската тежина на суровоста: „Еднаш имав сновидение, го гледам пеколот и пеколните маки. Забележувам едно мало девојче, на возраст, 5-7 години и ѝ велам: ’Како пак ти се најде овде?’, а во себе размислувам: ’Какви ли можат да бидат гревовите на ова детенце кога таа е толку малечка?’. Таа ме гледа и ми одговори: ’Јас сум овде поради лоши мисли’. Се разбудив, и по некое време отидов кај мојот духовник и го прашав: ’Можно ли е сето ова?’. Тој ми одговори: ’Да, половината од пеколот се деца’.“

Лично, многу посакувам ова сновидение да беше само предупредување, а не реален факт. Но, затоа пак, пречесто можеме да видиме како уште во најрана возраст човекот започнува да се огрешува со омраза, гнев, суровост.Гревот – е секогаш агресија. Тоа е болест на нашата природа. Но, расипаноста на душата дополнително се провоцира однадвор, преку агресивната средина којашто не ја намалува, туку ја изострува расипаноста.

Што да сторат возрасните кога ќе се сретнат со суровост меѓу децата? Доколку суровоста се изразува на екстремен начин, во тој случај, секако таа мора да биде пресечена. Детето е должно да почувствува дека секое зло завршува со пораз. Сепак, она што се чини дека е најважно – не треба да се фатиме во стапицата на суровоста, да не се заразиме од неа и да започнеме со суровост да реагираме врз другите луѓе. Огнот со оган не се гаси. Всушност, ѓаволот и нема некоја друга цел, освен тоа во луѓето да се посее взаемна омраза. Треба да се научиме ова да го разобличиме.

Навираат спомени, во време на војната во Чеченија помеѓу нашите војници се најде ранет чеченски младинец. Тој беше сместен во христијанска болница каде што грижливо беше негуван од една добродушна медицинска сестра. Младинецот за сето време злобно провоцирал говорејќи од сето срце дека кога ќе порасне ќе ги коле Русите. Медицинската сестра го прашала: „И мене ли ќе ме заколеш?“ Младинецот којшто од неа добил толку многу грижа и помош, не очекувајќи вакво прашање, рекол: „Не, тебе нема да те колам.“ И повеќе не се ругал. Тоа само едно нешто може да значи, дека често зад надворешната суровост се крие топла душа, страдална, душа што копнее за љубов.

Во скриените длабочини на душата секогаш има копнежлива тага по неизвалканото добро, по чист однос кон блискиот, по искрена љубов. И тоа може да се разбуди од чија било љубов.

Еден познат историчар бил поканет да предава во едно училиште – интернат за проблематични деца. Бидејќи важел за добар и учтив човек, тој започнал спокојно да го држи предавањето. Но, децата на него реагирале со потсмев, шеги, кикот, и фактички го срушиле предавањето. После часот, учителот веднаш се упатил кај директорот и го известил дека си заминува. Тој не ги обвинувал децата за никаква злоба, просто не сакал да работи во таква атмосфера. Директорот едвај успеал да го измоли да остане барем уште некое време со зборовите: „Кај нас никој не сака да работи“.

Следниот пат, кога тој имал час, се случило чудо: тој на својата катедра видел ѓеврече и топол чај, а децата рекле: „Тоа е за вас. Ние се плашевме дека вие повеќе нема да се вратите“. Од тој миг, помеѓу нив се развиле прекрасни односи. Децата почувствувале дека тој добро се однесувал со нив. Изложувајќи некоја наставна тема, тој на следното предавање им покажал некој уметничко-историски филм и потоа со децата го проследил. Резултатите на неговиот добар однос биле такви што еден од неговите ученици,за кратко време отишол на духовна семинарија и станал свештеник.

Таму кадешто луѓето искрено веруваат во Бога, децата стануваат поспокојни и помалку се поводливи за манифестирање детска суровост.

Последно што би сакал да го кажам е: на гревот му противтежи благодатта. Сум видел разни училишта, и доколку некој би ги искритикувал православните гимназии за несовршенство, само можам да кажам дека во нив има сосема поинаква атмосфера. Таму каде што луѓето искрено веруваат во Бога, се молат, се покајуваат за своите гревови и се обидуваат да живеат според заповедите Божји, таму децата се поспокојни и помалку се поводливи за манифестирање детска суровост. Суровоста таму стивнува, а не се провоцира. Божјата благодат носи мир во душите, и тоа во изобилство им се предава на другите, особено на децата. Тоа значи, за да се изградат своите односи со децата треба да се започне со градба на самиот себе со посредство на собирање на благодатта Божја.

Свештеник Валериј Духанин, кандидат за доктор по богословски науки, проректор на духовната семинарија Николај-Угрешки Превел од руски м-р Пантерлеј Кондратјурк Со благослов на о. Горан Тасески


Извор: http://agapi.mk/koga-svetot-sto-ve-oprkuzuva-e-agresiven-se-krsi-detskata-dusa/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная