логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Свети Јован Касијан Римјанин
Списи


Преглед на духовната борба


5. Борбата со осумте најглавни страсти
б) Борба со духот на блудот (Кн. 6-та)

46. Според преданието на светите оци, монахот треба да ја издржи втората борба – борбата со духот на блудот, која е подолга од сите други, постојана и ретко кој може потполно да ја победи. Таа е страшна борба, која почнува од раната младост и не престанува пред победата на сите други страсти. Бидејќи нападите овде се двојни, и оружјето против нив треба да биде двојно. Не е достатен само телесниот пост за да се придобие совршената чистота на целомудрието; телесниот пост треба да биде придружен од покајната скрушеност на духот и постојаната молитва против овој нечист дух. Потоа, потребно е непрестајно поучување со Светото писмо и другите духовни книги соединети со други духовни вежби, како и рачна работа, која го задржува умот од неговите талкања и го враќа кон себеси. Но, од сè најмногу ни помага длабокото смирение, без кое никогаш не може да се одржи победа ни над една од страстите.


              47. Преобразувањето на оваа страст е условено од потполното очистување на срцето, од кое, според зборовите на Господа, истечува отровот на оваа страст. Спасителот вели: „Од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули; тоа е она што го осквернува човекот (Матеј 15, 19-20). Затоа, треба, пред сè да го очистиме она, откаде што излегува изврот на животот и на смртта, како што вели премудриот Соломон: „Од сè што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот“ (Изрек. 4,23), зашто телото се држи на таа внатрешна сила. На овој монашки пропис за малку јадење треба да му бидеме послушни со голема усрдност, за со преизобилно јадење, телото да не почне да им се противставува на повелбите на душата и, поради својата невоздржливост и поздивеност, да не му ја одземе власта на духот. Но, ако целото наше внимание го посветиме на изнемоштувањето на нашето тело, а не постиме и не се воздржуваме истовремено со нашата душа од другите страсти и не се занимаваме со божествени поуки и со други духовни вежби, никако не ќе можеме да се издигнеме до самиот врв на вистинската чистота, зашто, во тој случај она што владее во нас – ќе го осквернува нашето тело, макар тоа и да биде чисто. Затоа, според укажувањето на нашиот Господ: - „Очисти ја чашата и чинијата, најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор“ (Матеј 23,26).
              48. Другите страсти обично биваат очистувани, помеѓу другото и преку односите со луѓето и преку секојдневните работи со нив, и некако се лекува и со самата непријатност и здодевност поради паѓањето во нив. Така, на пример, нападите на гневот, навредите, нетрпеливоста, освен со срдечното поучување и постојаното внимание, се лекуваат и со посетите на браќата и со честото предизвикување на овие страсти. Бидејќи на овој начин тие се раздразнуваат, почесто се пројавуваат и затоа побргу се лекуваат. Но болните од оваа болест, при истоштувањето на телото и скрушувањето на срцето, имаат потреба и од осамување и оддалечување од луѓето, така што, имајќи на тој начин отклонување на поводите за нејзината трескава распаленост, па на тој начин може побргу да дојдат во состојба на потполно оздравување. Како што е корисно за оние што боледуваат од некаква болест извесни штетни храни да не им се изнесуваат пред очи, за да не им се појави и со самиот поглед смртоносна желба да јадат од нив, исто така, и за прогонување на оваа болест на телесната блудна похот – многу користи безмолвието и осамувањето, така што болната душа, не бивајќи предизвикувана од разни луѓе и предмети, може послободно да се издигнува кон почисто умствено созерцание и преку тоа да може да ја искорне заразната возбуда на похотта.
             49. Една работа е да се биде воздржлив, а друга е да се биде чист, да се постигне спокојна состојба на целомудрена непорочност и девствена невиност. Ваквата добродетел им се припишува само на девствениците и на девственичките по душа и по тело, за какви се сметаа, на пример, во Новиот завет свети Јован Крстител и свети евангелист Јован Богослов, а во Стариот – светите пророци Илија, Јеремија и Даниил. Не е несправедливо со ваков степен да бидат почествувани и оние, кои, по своето гревовно паѓање, со долги подвижнички трудови и со ревносно барање на загубеното, се издигнале до слична состојба на непорочна душевна и телесна чистота и бодилото на телото да го чувствуваат не толку по напаѓањето на срамната похот, колку по движењето само на природата. А ние велиме дека ваквата состојба тешко може да се постигне среде многу луѓеː тоа е дури и невозможно. Впрочем, никој нека не чека ова да го сфати само врз основа на нашите расудувања, туку и самиот нека се потруди да дојде до ова сознание преку испитувањето на својата совест. Ние не се сомневаме дека има голем број на воздржници, кои често или секојдневно го доживуваат нападот на телото, но успеваат да го прогонуваат и да го задавуваат и со стравот од пеколот или со желбата да го добијат небесното царство. По однос на нив старците сметаат, дека иако можат да не бидат сосем растроени и победени од страсните раздразнувања, сепак, тие не можат да бидат безбедни од ваквите напади и сосема неранливи. Зашто оној што се наоѓа во положба на борец, иако може често да го одбива и да го победува противникот, тој неизбежно и самиот понекогаш доживува вознемирување и задобива рани.
             50. Ако сакаме заедно со Апостолот да се подвизуваме со  добар подвиг, со подвиг духовен (сп. 2. Тим. 2,5), тогаш да не се надеваме на нашите сили (зашто човечките сили не можат тоа да го направат), туку да се надеваме само на Господа и со сета наша ревност да се бориме со него и да го победуваме овој најнечист од сите духови. Зашто оваа страст ќе победува во нашата душа, сè додека душата наша не дојде до сознание, дека водењето на таквата борба е над нашите сили и дека таа сама, само со своите сили и усилби, не може да ја победи, ако не биде поткрепувана и закрилувана од Господа.
             51. И, навистина, ако секој успех во добродетелите е дело на Божјата благодат, дека победата над секоја страст е Негова победа,  тогаш особено придобивањето на чистотата и победата над похотната страст е дело што се извршува со помошта на особена Божја благодат и особен Негов дар, како што потврдуваат и светите оци и оние кои со своите опити преку очистувањето од оваа страст се удостоиле да дојдат до вакво сознание. Зашто, да не се чувствува бодилото на телото е на некој начин исто што и, живеејќи во телото да излеземе од него и облекувајќи се со тело – да бидеме надвор од природата. И затоа не е можно, така да се изразиме, човекот само со своите крила да се издигне на таква небесна висина на совршенството, ако Господовата благодат со дарот на чистотата не го извлече од тињата на земјата. Зашто телесните луѓе ни со една добродетел не се уподобуваат на небесните ангели, во угледањето на нивниот живот, како со придобивањето на благодатта на чистотата, преку која, продолжувајќи уште да живеат на земјата, според апостолот, имаат живеалиште на небесата“ (Фил. 3,20), и овде, во своето земно тело, веќе го имаат она што им се ветува на светиите во идниот живот, откако ќе се ослободат од своето земно и гниежно тело.
           52. Слушај што вели апостолотː „Секој што се бори, од сè ќе се воздржува“ ( 1. Кор. 9,25). Тој ни ги посочува оние што се натпреваруваат во спортски игри како образец во нашето духовно подвижништво. Тој, заради успех во своето натпреварување, не само што се воздржува од забранети јадења и пиење, од прејадување и опивање, туку и од мрзливост и неработење, трудејќи се со постојани вежби и со работа да ги развие своите сили, вештини и знаења. Тој се ослободува од сите грижи за сите работи, и за своите семејни обврски; има само една единствена грижаː да успее во натпреварот и да го добие венецот на наградата за постигнатата победа. Особено се пази од осквернување со телесна похот, дури презема и во сонот да не биде извалкан од таа похот, за со тоа да не му бидат намалени силите, кои ги придобил во текот на подолго време и со голем труд и многу грижи. Од ова гледаш сè што треба да прави и духовниот подвижник; гледаш дека и ти, заради успехот во твојата духовна работа, треба, пред сè да ги пазиш чистотата и целомудрието. Зашто, ако таму во надворешните светски натпреварувања, заради добивање на гниежливи венци како награда, толку е неопходна телесната чистота, колку ли повеќе е таа потребна во нашиот внатрешен и духовен стремеж за добивање на вечните небесни венци? Ние имаме потреба не само од надворешна чистота од телесниот грев или од несакано осквернување, туку особено од внатрешна чистота од чистотата на мислите и на чувствата. Ние сме должни со најголема будност да ги пазиме чисти најголемите длабочини на нашето срце. Она што телесните натпреварувачи се грижат да го имаат само телесно, тоа ние треба да го имаме во длабините на нашата совест, на што гледа Оној Кој нè обврзал да го правиме овој духовен подвиг; нашиот Господ ги гледа и најмалите движења на нашата слободна волја. Затоа треба она што се плашиме да го направиме отворено, да не му дозволуваме да навлезе во нас преку некоја невнимателна помисла; она што се срамуваме да го правиме пред луѓето, со него да не се осквернуваме ни со тајно согласување во нашето срце. Зашто, иако тоа може да биде скриено од луѓето, не може да биде скриено од ангелите и од Самиот сесилен Бог, од Кого нема да се скријат никакви тајни.
              53. Па затоа и Самиот Бог, Создателот на целиот човечки род Кој ја знае подобро од сите природата на Своите созданија го насочува Своето лекарство таму, од каде доаѓа причината на таа страсна болест, па затоа и Спасителот наш Господ Исус Христос велиː „Секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето“ (Матеј 5,28). И кога ја прави оваа забелешка за сладострасноста на очите Он не ги изобличува толку нив, колку што го го изобличува внатрешното чувство, кое се ползува лошо со нивната услуга во гледањето. Тоа срце е болно и рането од стрелата на похотта и гледа со грешна желба; добриот дар од Бога за гледање, кој ни е даден за наше добро, по силата на својата острастеност, го претвора во служител на лоши дела, а скриената во него болест на сладострастието, по тој повод ја изнесува и пројавува јавно. Затоа оваа спасоносна заповед се однесува на она, од чија острастеност произлегува лошото боцнување преку гледањето. И затоа не е речено да ги пазиме со најголема внимателност очите наши, тукуː „Од сè, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот“ (Изрек. 4,23).
             54. Како прво и главно дејство на пазењето на срцето треба да бидеː ѓаволската злоба и итрина, скриена во заседа, да не се поткраде во нашиот ум спомнување за некоја жена, макар таа била мајка, сестра, роднина, или некоја света жена, - ние сме должни што побргу да ја изгониме од домот на нашите мисли, за да не се случи, ако се позабавиме со тоа, ако ги задржиме тие помисли во себе подолго, нашиот искушувач – умот наш и нашите помисли незабележано да не ни пренесе од тие жени и кон такви, од кои може да всее во нас и такви мисли, кои можат да бидат штетни за нашата душа. Затоа, трудејќи се да ја исполниме заповедтаː „Од сè, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот“ (Изрек. 4,23), должни сме, според првобитната Божја заповед, внимателно и грижливо да  се пазиме од „отровоносната глава на змијата“ (1. Мој. 3-та глава), од зачетоците на лошите помисли, преку кои ѓаволот се обидува да навллезе во нашата душа, за да не се случи поради нашето невнимание, тој да проникне во нашето срце, и да навлезе во него и целото тело на таа змија, односно од тие нечисти помисли да не се роди и наша согласност и за гревовна наслада. А кога непријателот ќе биде пуштен внатре, секако тој, откако ќе ја зароби душата и ќе ја умртви со своето смртоносно каснување. Ние сме должни од нашите телесни чувства веднаш да го изгониме нивниот пород (сп. Псал. 100,8) и да ги разбиваме на камен синовите Вавилонски додека се тие уште младенци (Псал.136,9). Ако не бидат убиени додека се уште мали и слаби и ако, поради нашето попуштање, израснат, тие ќе востанат против нас со уште поголема сила, па – или ќе нè погубат или, ако ги победиме, тоа, се разбира, нема да биде без поголеми воздивнувања и трудови. Зашто „кога силен човек“, односно нашиот дух, „се вооружи и ќе го припази домот свој“, односно ќе го запазува мирот на своето срце со стравот Божји, „тогаш имотот негов е во безопасност“ (Лука 11,21), односно ќе бидат безбедни плодовите на неговите трудови и добродетели, кои се добиени во тек на долг временски период. И „ако некој посилен од него го нападне и победи“, односно ѓаволот преку согласувањето со помислите, што му ги внушува, тогаш „тој ќе му го земе сето оружје на кое се надева, и ограбеното од него ќе го раздаде“ (Лука 11,22). Оружјето на подвижникот е знаењето на Светото писмо и стравот Божји, а со силата на навиките за извршување на добродетелите ќе ги развее спротивните на нив пороци.
             57. Свети апостол Павле велиː „Ова е волјата Божјаː да бидете осветени, да се воздржувате од блудство“ (1. Сол.4,3). А за да не нè остави во сомневање, што нарекува светостː дали правдата, или љубовта, или смирението или трпението, зашто преку сите добродетели се добива светост, тој понатаму точно кажува што сакал да каже, па велиː „Ова е волјата Божјаː да бидете осветени, да се воздржувате од блудство и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и чест, а не во похотна страст, како и незнабошците, кои не Го познаваат Бога“ (1. Сол. 4-5). Гледај со какви пофалби го превознесува целомудрието, нарекувајќи го „сад“ на светост и на чест. Според тоа, оној што живее во страсна похот, тој се наоѓа во состојба на нечесност и нечистота, и живее далеку од светоста. Малку понатаму свети апостол Павле ги додава следнива зборови, нарекувајќи го целомудрието „светост“: „Бог не нè призва кон нечистота, туку кон светоста. – А кој го отфрла тоа, тој отфрлува не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас“ (1.Сол.4,7-8). Ненарушлива сила и важност тој ѝ дал на Својата заповед, кога рекол, дека оној што не го прави тоа, не ме презира мене, мене што сум го заповедал ова, туку Бога, Кој говори преку мене, Кој на Својот Свет Дух го одредил срцето наше за Неговото обиталиште. Гледаш ли со какви едноставни зборови тој ѝ оддал пофалба на оваа добродетел! Пред сè, нејзе треба да ѝ се припише светост. Потоа тврди дека преку неа садот на нашето тело се ослободува од секоја нечистота. И, најпосле, ни вели, дека откако ќе ја исфрлиме срамната нечистотија, тогаш тој сад ќе остане во чест, како светиња; и на крајот која е нејзината највозвишена предност, дека преку неа жител на нашето срце ќе биде Светиот Дух.
             58. Ќе наведам и едно друго слично сведоштво од истиот апостол. Пишувајќи им на Евреите, тој вели: „Грижете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа“ (Евр.12,14). И овде тој јасно тврди, дека без светост, која обично се нарекува непорочност и чистота на душата и на телото – сосема е неможно да Го видиме Бога.
              59. Доколку е повозвишено и понебесно нашето целомудрие, толку тоа посилно ги одбива нападите на непријателот. Затоа сме должни уште поусилено да ја запазуваме не само воздржливоста на телото, туку и скрушеноста на срцето, со непрестајни молитвени воздивнувања, така што печката на нашето тело, која вавилонскиот цар постојано се обидува да ја потпали со телесните наши вжештувања, непрестајно да ја гаснеме и да ја оладуваме со росата на Светиот Дух, која паѓа во нашите срца.
             60. Ваквата состојба ќе можеме постојано да ја задржиме, ако секогаш имаме на ум дека Бог и дење и ноќе не само што ги гледа нашите тајни дела, туку и сите наши помисли, и треба да веруваме дека за сè ќе одговараме пред Него, за сето она што станува во нашето срце, како и за сите наши дела и постапки.
              61. За дури и на спиење да не бидеме осквернувани од нечистотијата, потребно е да држиме рамномерен пост. Зашто, оној што ќе ја наруши разумната мерка на строгоста во воздржувањето од храна, тој после неизоставно ќе почне да си попушта и во ова. Со промената на мерката во поткрепувањето со храна, неизбежно ќе го измениме и квалитетот на нашата чистота. Но притоа треба да имаме постојано смирение на срцето и трпение, а и внимателно да се запазуваме во текот на денот од гневот и од другите страсти. Зашто, штом ќе се исполниме со гнев, лесно навлегува во нас и жарот на похотта. Но најмногу од сè е потребно будно внимание на себеси ноќе. Зашто, како што пазењето на чистотата во текот на денот ја подготвува ноќната чистота, исто така, ноќното будно внимание спрема своето срце – ни дава сила и крепост да му се противставуваме на сè што е нечисто во текот на ноќта.
            62. Можно ли е огнот на похотта да биде сосема изгаснат, кога неговата топлина ја чувствуваме во себе како вродена? Да видиме најнапред  што вели светиот апостол Павле. Тој пишуваː „Умртвете ги своите земни членови“ (Кол.3,5). Кои се тие членови што тој ни заповеда да ги умртвиме? Се разбира, не се тоа рацете и нозете или некои други делови од телото, туку овде се мисли на гревовното тело, за што тој и на друго место велиː „Да биде уништено и гревовното тело“ (Рим.6,6) кое, како и секое друго тело има свои членови. Апостолот ни советува да ги умртвиме токму овие свои гревовни членови. А какви се и кои се тие, тој и ги набројува, велејќиː „Умртвете ги своите земни членови, односно пороцитеː блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство“ (Кол. 3,6). Првиот гревовен член е блудотː гревот на незаконото телесно соединување; вториот член е нечистотата, која се случува некогаш во сонот без каков и да е допир до жена, а може да се случи и за време на будна состојба; третиот член еː сласта, која наоѓајќи се скриена во душата, може да се разгорува во телото и без похотта во телото; четвртиот член еː лошата желба, која може да се однесува не само на нечистите сласти и страсти, туку и на сите погубни желби и тоа е само болест на развратената волја; последниот член на гревовното тело апостолот го именува лакомство, внушувајќи ни дека не само што треба да се воздржуваме од поделувањето на туѓите работи, туку дека и нашите треба доброволно да ги презираме, како навистина што се правело во првата христијанска заедница, како што  за тоа се говори во новозаветната книга Дела на светите апостоли (Дела 4,32-35). Од ова што е речено се изведува овој заклучокː ако многумина заради Христа го отфрлиле својот имот, така што не само што не сакале да имаат пари, туку ја отсекле и самата желба по нив, значи дека на ист начин треба да го изгасиме и блудното распалување. Зашто не би ја соединил неможната работа со можната. Но, признавајќи дека и едното и другото е можно, ни заповедал да го умртвиме и едното и другото. И бидејќи блажениот Павле бил убеден дека е можно и блудната страст да биде искоренета од нашите членови, тој не само што ни заповедал да ја умртвиме, туку дури ни заповедал и нејзиното име да не се споменува меѓу нас, велејќиː „Блудство или секаква нечистотија или,  пак, користољубивост, дури, да не се споменуваат меѓу вас, како што им прилега на светии, ниту пак срамни разговори и смешки, што се неприлични, туку само благодарности“ (Ефес. 5,3-4). Затоа, нема сомневање оти блудната страст може навистина да биде уништена во нашите членови, бидејќи апостолот ни заповедал да ја отсекуваме и неа, како и желбата за коруистољубието, празни зборови или смешки, кои се неприлични, кои можеме лесно да ги пресечеме и изоставиме.
63. Впрочем, треба да знаеме дека, ако ја запазиме сета строгост на воздржливоста, а именоː гладувањето, жедувањето, бдеењето, постојаниот труд и ако со постојана усрдност се занимаваме со читање книги, кои се спасоносни за душата – но сепак не можеме, само преку овие подвизи да ја придобиеме непрекинливата чистота на целомудрието, ако не ни дојде на помош посебната Божја благодат. Нека знае секој дека е должен да ги прави сите спомнати подвизи, само заради тоа, трпеливо да ги поднесува маките од нив и со тоа да го привлече Божјото милосрдие кон себе и да се удостои да го добие Божјиот дар да се ослободи од борбата со телото и од господарењето на страстите над нас, но никако да не се надева дека тој самиот, преку своите подвизи, може да ја постигне постојаната чистота на телесното целомудрие, кое толку многу го сака и го бара.
             64. Желбата за придобивање на вистинските вредности не може да се оствари, ако не ги задушиме и отфрлиме невредните и лошите помисли и ако место нив не ги придобиеме оние добрите и спасителните. Затоа, ако сакаме да ги уништиме телесните желби во нашето срце, должни сме што порано на нивно место да насадиме духовни желби, така што нашиот дух преку секојдневните вежби, ќе се стреми постојано кон нив, без да има желби, ниту да им посветуваме време и внимание на измамите од преодните земни радости. И кога нашиот дух во текот на своите секојдневни вежби ќе се утврди во таквата расположба за одрекувањето од светот, тогаш од својот личен опит ќе ја разбере и силата на наредниот стих, кој сите ние често го повторуваме, но силата негова ја знаат само малкумина избрани, како што вели псалмопеачот Давидː „Секогаш  Го гледав пред себе Господа, зашто Он е од мојата десна страна, за да не се поколебам“ (Псал. 15,8). Само оној ќе може да ја сфати вистинската смисла и сила на овој стих, кој придобил чистота на душата и  телото, за кои говори и сознава оти секој миг го запазува Господ, за да се запазиме  од повторно враќање во претходното, и оти Неговата десница нè запазува и ги закрепнува нашите свети дејствувања. Зашто Господ секогаш е присутен во Своите светии и ги води кон доброто, па затоа тие се пазат од сè што е лошо и грешно и се трудат да одат по доброто. А за грешниците и за незнабошците Бог е невидлив, затоа што Он не е од нивната десна страна и тие не можат да го чувствуваат Неговото присуство.
           65. Има повеќе степени на целомудрието, по кои како по стапалници се издигнуваат кон непоколебливата чистота. Скалата на ваквото усовршување на целомудрието јас ја делам на шест стапалници, кои сепак во животот биваат минувани незабележливо, како што бива и со нашите тела, кои секој ден добиваат во своето растење и без наше знаење за тоа и стигнуваат до својот совршен изглед. Првиот стапалник на целомудрието еː кога монахот не бива брануван од телесна похот во будна состојба; Вториот стапалник еː кога не се задржува во сладострасни помисли; третиот стапалник еː кога ќе види жена да не бива вознемируван со страсна желба; четвртиот стапалник еː кога во будна состојба не дозволува и наједноставно телесно движење; петиот стапалник еː кога кај него нема никакво согласување за телесно дејствување и кога тоа не го повредува неговиот ум – тогаш кога размислува или кога чита нешто во врска со  човековото раѓање“ шестиот стапалник еː кога дури и во сонот не бива вознемируван од соблазнителни мечтаења за жени.
66. Потполната целомудрена цистота од почеток на воздржувањето од похотни мисли и желби се одликува со совршено успокојување на телесните возбудувања и во успокојувањето од нив. Совршено зрелата целомудреност секогаш ги запазува нашето тело и нашата душа невознемирувани и непоколебливи, а тоа не е ништо друго, туку светост. Тоа бива тогаш кога телото ќе престане да го напаѓа духот со похоти и кога почнува да се согласува со неговите желби и добродетели и кога и телото и духот ќе се соединат меѓу себе во цврст мир, па, според зборовите на псалмопеачот Давид, ќе почнат како браќа да живеат заедно (сп. Псал. 132,1) – Тогаш и Бог бива со нив, зашто се вели, дека „Таму Он ја порази силата на стрелите ,штитот и мечот и војната“ (псал. 75,3), а не во бучавата на борбата со страстите, туку во спокојот на целомудрието и непрестајниот мир во нашето срце. Затоа, кога некој преку изгаснувањето на телесните страсти, ќе се удостои да го добие овој мир, тогаш истовремено се удостојува да стане и Божјо живеалиште.

 

Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том II

 

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

30-ти март 2018 лето Господово

Друго:

  • Поуки од Светите Отци

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3118
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7588
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная