"Оној што решил да живее христијански живот преку Светите Тајни добива благодат од Светиот Дух Кој просветлува, укрепува и теши. Живеејќи со него, таа го води за време на опасното туѓинување на земјата, на најпремудар начин. И кој може да се надева дека сам ќе го поправи своето срце? – Зарем во ова свето дело некој може да очекува успех од помошта на човек и неговите постапки?
Чујте што вели Господ: „Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши сквернавења, и од сите ваши идоли ќе ве исчистам. Ќе ви дадам ново срце, нов дух ќе ви дадам. Ќе Го внесам во вас Мојот Дух и ќе направам да одите по Моите заповеди и да ги пазите и да ги исполнувате Моите повелби (Езек. 36, 25-27).
Сѐ е од Господ. Нему да Му се предадеме, на Неговото благодатно дејство, за од нас Тој да направи, како уметник и создател – добри и чесни садови – многу добри созданија. Од своја страна, ние можеме само да Му ја покажеме искрената желба за самопоправање и вистинската подготвеност да се покориме на Неговите барања."
- Свети Теофан Затворник
Избор од фб профил на