логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 лого

7.Vselenski.sobor

НЕ СРЕТНУВАШ ЛЕСНО ТАКВА ЉУБОВ

Старецот Ефрем Катунакиски и неговите бескрaјни добродетели

Денес не би сакал да говорам за животот на старецот, затоа што можете да го најдете и да го прочитате, туку сакам да се задржиме врз некои елементи од неговот свет живот, кои ќе станат повод да ја најдеме нашата душа, нашиот пат, да ја видиме нашата состојба.

Папа – Ефрем е роден на 06.12.1912 г. во селото Амбелохори на 7 км. од Тива. Мајка му, кира – Викторија, кога била трудна со него, се нашла в тешка ситуација. Дедото на папа – Еферем, папа – Никита, бил многу благочестив свештеник, свет клирик но, многу суров. Во тоа време, кога кира – Викторија била бремена со старецот, нејзиниот сопруг оди во Солун и зема учество во неговото ослободување. Бил војник во периодот на Балканските војни. Така кира – Викторија велела, дека тоа дете ќе стане нејзиниот ад, ако се роди, како ќе може да го одгледа без сопруг, ако сопругот и биде убиен и како ќе може да поднесе да живее во една таква тешка семејна атмосфера. Таа вршела тешки работи, за да го пометне детето.

Да се задржиме на ова.  Понекогаш, гледајќи некои нешта, кои ни создаваат тешкотии и не тераат да искусиме болка, страв или несигурност, ги чувствуваме како ад и никогаш не сме помислиле, дека тоа, кое што ние го нареквуаме ад, може навистина да стане рај. Минале години, кира  - Викторија станала монахиња и пред преподобното ѝ успение велела: ова дете, кое го нарекував ад, стана мој пат кон царството Божије, ова дете, кое го нарекував мачење, стана мојата среќа, ова дете, за кое велев дека е мојот гроб и ад, стана мојот рај.

Затоа преку личната борба, кога ќе се сврзе со Божјата благодат, она што го нарекуваме ад, многу лесно може да се преобрази во рај.  Папа – Ефрем како млад поминал низ многу неуспеси, горчини и тешкотии. Видете, и младоста многу пати носи една внатрешна скрб.  Папа – Ефрем, тогаш Евангелос, сакал да влезе во военото - воздухопловното училиште „Икарон” но, не го примаат, оти имал лесно срцебиење, кое можело да биде нешто моментно поради тревогата, која ја чувствувал заради испитите. Оди и во касарната, и бидејќи имал проблеми со нозете, го отфрлаат.  Му даваат отпуст на неопределен рок.

Тежок е крстот но, зад тој многу тежок крст се наоѓа реалниот пат на старецот, које Света Гора. Мајка му видела еден старец до нејзиниот кревет како и вели: сега син ти ќе успее! И тој старец не бил никој друг, туку преподобниот Ефрем Сириец. Во келијата посветена на тој светител, старецот  Ефрем отишол и останал повеќе од 60 години. Тука треба да го видиме следното. Знаете, понекогаш во животот, кога една врата е затворена, ние полудуваме, се збунуваме, се разочаруваме и егоизмот станува еден наш лост и се обидуваме да ја присилме таа врата.  Се сеќавам на зборовите на еден епископ, кој ми го кажа следното, кога му предложив едно решение. Тој се сврте и ми рече:

- Внимавај дете мое! Вратите кои  Бог ги затворил, јас нема насилно да ги отварам!  Оти зад нив се креи мојот ад.

Вистина е, дека многупати нашиот егоизам не «цементира» пред една затворена врата и во истиот момнет не гледаме многу други врати, кои се отвораат. Се затвориле многу врати и се отворила онаа врата, која денес ни дарува на сите нас еден светител, една поткрепа, една утеха, еден  молитвеник.

 Кога ќе замине на Света Гора, ги сретнува старците во Катунакија – сурово место, и старците негови биле сурови луѓе, како дедо му и татко му. Не биле лоши луѓе, да не разбереме погрешно, суривоста на нивниот живот станала црта на нивната личност и душевност. Така тој малд човек ја сретнува таа суровост, која истовремено и го смирува и го повредува. Понекогаш една рана може да ни стори многу добро. Велите рана? Кога паѓавме како деца, се удиравме и ни течеше крв, тогаш бабите и дедовците ни велеа: не се грижи, истече лошата крв! Понекогаш една рана, кој а мое да ни ја предизвика животот, може да стане причина да истече малку егоизам. Тогаш тие рани (πληγές) стануваат извори (πηγές). Притоа да не заборавиме, дека во Црквата нашите рани не се други, туку раните на Христос, на Распнатиот и Прободениот Бог.

Свети Василиј Велики кажува нешто и тоа го покажал со својот начин на живот.  Има состојби, од кои треба да се тргнеш, факт е, силата многу пати е во тоа да си тргнеш но, во други случаи силата е во тоа да останеш. Ние повеќето пати си тргнуваме и тоа ја покажува нашата слабост, дисбаланс, незрелост.        Тргнувајќи си  ја губиме нашата душа,  Бог и луѓето.

Таму на Света Гора, во исто време додека се сретнува со суровоста на старците, Бог доаѓа да го утеши. Тоа е сигурно. Кога пројавуаш трпение, Бог ќе ти прати утешител – во овој случај старцот Јосиф Исихаст. Да се задржиме на таа благословена врска.  Еднаш стрецот Јосиф напишал еден текст и го дал на папа – Ефрем и тој го прочитал и не се согласил со старецот но, ништо не му кажал од почит. Следниот ден отишол да служи кај старецот Јосиф, кој по отслужената литургија, го погледнал и му рекол:

- Папа – Ефем чедо мое!
- Што има геронда?
- Денес нешто не разделува, не сме како што бевме вчера, денес нешто влезе меѓу нас!

Тука се крие една голема вистина. Една помисла може да не раздели од другиот. Една помисла, една проста мисла може да стане бездна, која многупати не ја гледаме и чувстуваме но, душевната состојба на старецот Јосиф, имала такви сензори, та чувствувал и разбирал, дека таа проста помисла ги разделува. Замислете каква љубов имале, каква светлина во умот, во душата. Една помисла, која ги разделувала, можела да стане многу опасна, оти многупати не само што нè разелува, ами може и да не потисне. Може да ја притисне неподносливо душата, една помисла може да испомеша сè што се наоѓа во нас и околу нас. Затоа отците настојуваат околу помислите и сметаат, дека тие ни  ја определуваат внатрешната состојба но, и квалитетот на врската која ја имаме со луѓето.

    Старецот давал еден пример, зошто христијанинот, човекот кој се подвизува, треба да биде бодар и кога понекогаш прашувавме зошто, тој велеше: оти не знаеш од каде ќе ти дојде. Ќе ви кажам една куса прикаска. Си било едно убаво еленче. Но, тоа имало само едно око и одело на брегот од морето. Со здравото око гледало кон планината, оти си велело, ако дојдат ловците, од планината ќе дојдат. Да, но ловците дошле со кајче и го убиле. Затоа старецот велеше, не бидете сигурно за што било, треба во сè да имате благоразумие, внимание и молитва. Сè треба да се испитува и проверува, да се влегува во молитва, оти никогаш не знаеш.  Во една песна се пее, никогаш не вели никогаш, не знаеш што станува.

На тој едноставен начин и таа проста прикаска старецот кажуваше дека треба да сме внимателни и да очекуваме сè од секаде. Мнозина се вчудоневидени и вознемирени. Овие состојби се вистински маки за луѓето. Тогаш старецот со молитвата востановил каде е наоѓа вистината, односно дека треба да се спомнува патријархот, оти таму е вистината но, старците му биле зилоти. Што да прави? Многупати кога служел и не го спомнувал патријархот гледал лач од светлина врз светата Трпеза, а кога служел и го спомнувал, преку Божјата благодат гледал обилна светлина врз светата Трпеза.  Што да прави? Отишол кај старецот Гаврил Дионисијски:
- Што да правам геронда?
- Чедо мое, трпение! Да си го утешиш старецот!

Знаете ли што направил? Ја оставил светлината, од која се хранел и си ја насладувал душата, во текот на цели 23 години. Како Бог да не ја види таа жртва? Како да не ја даде благодатта? За да го утеши старецот. Знаете ли што рекол – старецот не може да го разбере тоа. Тој се поставил на местото на другиот. Колку убаво нешто. Не може да разбере. Ќе пројавам трпение. Сето ова станало причина, да не го живее она, кое што го живеел, кога служел и го спомнувал патријархот, тоа станало причина да се оддели и од дружината на старецот  Јосиф, кој бил негова поткрепа, од Данаилите, кај што чувстувал сладост и топлина, кога бил во опшение со нив. Цели 23 години без тие духовни блага. Цели  23 години за да го утеши старецот. Такво значење давал на другиот човек.


Старецот многу настојувал на молитвата. Тука ќе кажеме две нешта. Прво, велел – да се молите чеда! Кога се молите си го исполнувате паричникот со злато! Ние сме духовно бедни, отсуствува молитвата, зашто кога имаш злато во паричникот, отвараш врати, може да се справиш со ситуации, а нашиот паричник е празен, затоа доколку е полн, оди и не се плаши!  Има и уште нешто, кое што често го кажувал, поточно подробност од неговиот живот, просто собитие од неговиот живот, која само ја покажува висината на неговата добродетел. Во келијата во која живеел 60 години, имало еден столб, таму имало многу торби и едно нешто зад столбот. Била една шамандура  (голем пловак – заб. на прев), од оние кои ги поставуваат на мрежите. Во еден момент го прашале:
- Геронда што е тоа?
- Не знам дете мое.
- Но, нели си го отворал?
- Не.
- Кој го ставил таму?
- Моите старци.
- И не си го отворал?
- Не.
    
Младите луѓе го отвориле и го нашле пловакот. Но, тоа покажува колку лесно го распрснуваме својот ум, душата, силите, себеси и времето. Гледате ли колку бил, воздржан, немал љубопитство. Секој себеси нека се постави во таква ситуација, сè ќе бевеме пребарале. А честопати се жалиме, дека не можеме да се восредоточиме на Литругијата, во молитвата. Е, како да се восредоточам, кога никогаш не сум восредоточен и постојано сум расеан. Старцот пак, бил зрела, балансирана, цврста духовна личност. Многупати слушаме, подвижник на Света Гора, во Катунакија, во пустината на Света Гора и навистина, наизглед, беше висок, погледот му беше орлов – кај тебе би можел да предизвика, не би рекол страв, туку едно изумување, кое го почувствувале мироносиците. Така се чувствуваш. Имало луѓе кои оделе со тежина на срцето – како ќе отидам, за што одам сега, што ќе ни каже! Отишол некој и старецот му кажал:
Бре, добре дојде  дете мое! Добре дојде либе мое!  Каде си, детенце, оти задоцни!  Ела тука да ти кажам една песна!
Ќе отидам во Арабија
да најдам еден арапин
за да го прашам да ми каже
каде се лови љубовта
во очите се зачнува
по устата слегува
и од устата во срцето
се вкоренува и не излегува.

Така што, кога човек ќе отидеше во такво настроение, а старецот пееше една песничка, исчезнуваше тешката помисла, се отвораше срцето и човекот можеше да му се довери небаре тој му е најдобриот пријател.
Еднаш отишол еден човек, кои имал многу проблеми и рекол: како да отидам сега, тој е подвижник, како да отидам и даму го кажам она, што е во мене? Ќе полуди и ќе ме избрка! Ние се обидуваваме да му кажеме: оди бре човеку, па нека те избрка!

Тој отишол целиот растревожен, се вцрвил, а старецот станал и му кажал еден израз кој го користиме во Тива:
-  Дојди тука миличко, да ти покажам нешто!
- Одат надвор, му ја покажува луната и му вели:
- Миличко, дете мое, дали си ја видел убавината на луната, гледај колку убави нешта создал Бог!
Човекот се обидел да му каже нешто но, старецот продолжил да му говори за убавината на луната, на небото, на ѕвездите. По извесно време го пуштил и тој си тргнал. Но, тргнувајќи, го сознал следното: дека старецот му ја посочил убавината на Бог, која што кога човек ќе ја види, тогаш може да ја констатира, да ја почувствува и сознае својата грдост и да се покае за неа. Истиот тој човек денес вели: кога сакам да се видам себе си и да се исповедам, излегувам и ја гледам убавината на луната и преку таа убавина ја согледувам грдотијата на мојот грев.

Така поучуваше старецот, толку слатко, толку татковски, толку убаво, толку пламено.  Не сретнуваш лесно таква љубов.
Една негова внука му пишува и му вели – вујко, сакам да научам да свирам на пијано и не ми даваат!
Слушнете одговор!
Возљубено мое, прекрасно ангелче! Златно, мое  дете! Кога го прочитав во твоето писменце зборот пиано, што да ти кажам, што да ти кажам, особено што на оваа возраст, а 68-годишен сум, откога ќе го чујам тој збор, почнувам да плачам.  Си останавме сироти ние, бидејќи немавме музучки инструменти на село, кога бевме деца. Сироти си останавме. Со целата моја душа ти кажувам  да настојуваш и да се научиш! Дали да ти кажам нешто? Само да го чујам Бетовен, Лист, Вагнер, веднаш ми лета душата!

Еднаш пишува писмо на мајка си. Зедов само неколку фрази: Уважена, сакана, златна, слатка моја мајчице!  Со многу љубов и длабока почит ти ги целивам рацете, очињата, срценцето. Твоето грешно дете, Ефрем
Таква нежност имал. Светоста има поразувачка и горешта нежност. Гледате еден великан, еден подвижник и кога се приближуваш, навистина го примаш тие бранови на неговата нежна и слатка љубов. Духовниот човек е нежен, благ човек и кога понекогаш кара некого, другиот чувствува сладост преку неговата строгост, оти има многу љубов и во неа. Луѓето кои не го милуваат другиот, се тврдосрдечни луѓе. Може ли духовниот човек да е жесток? Како жестокиот ќе се покае, како жестокиот ќе даде милостиња, како ќе прости? Возможно ли е? Не е возможно. Папа – Ефрем имал многу нежност и свештенолепие. Како пред еден таков човек да не си го откриеш и умот и душата и животот и минатото и сè?

Тој ја имал сладоста на присуството на Светиот Дух во срцето, на присуството на Христос, и таа сладост станувала слатка помисла, слатка мисла, сладок збор, слатко движење, благ живот. Тоа бил папа – Ефрем.
Три случаи со него. Првиот е пред неговото успение. Старецот ја сакаше Тива многу и многу пати бараше да му донесеме снимка. Беше зел едно камче од манастирот Сагмата и го пазеше како филакто до своето успение. Донесете ми малку земја, малку камчиња. Како е во Тива? Во еден момент, во едно негово писмо читаме – леле, што се изнапатив кога дознав дека во Тива има сообраќајна полиција!  Не можел да си претстави.
Во определен  момент, одејќи кон Атина, за да отиде во болница, поминале покрај Тива, му ги покажале свелата и го прашале:
- Геронда, да влеземе?
Тој одговорил:
- Не.
Нема ниту да слезеш од автомобилот.
- Не.
- Одиме за Света Гора.
Имаше таква љубов кон Тива но, ја сметаше за земна татаковина Света Гора и за небесна татковина – царството Божје.
Во еден момент во Тива се случи несреќен случај на денот на свети Лука, пред многу години, почина еден 19 – годишен јунак, Лука. Мајка му беше неутешна, имаше две деца. Минале многу денови. Кога сопругот одел на работа, а второто дете на училиште, таа останувала дома и за да се смири, ги ширела рацете, го повикувала името на нејзинот дете Лука и си го претставувала како го прегрнува. Видете, болката е голема. Никаде не мо жела да најде утеха. Во тој момент некој непознат чукнал на нејзината врата.
- Здраво.
- Здраво.
-Госпоѓа Марија?
- Да.
Доаѓам од Света Гора, јас сум од Атина, од Света Гора идам, папа – Ефем ме праќа. Дали го познавате?
- Гледајте, тој ми е чичко, ама никогаш не се запознав со него. Имам чуено од роднините, дека како дете си заминал оттука и ниту сум го видела, ниту ме има видено.  
- Тој на мене ми кажa, да ви пренесам нешто.
- Што?
- Да одиш кај Марија, ќе прашаш, ќе ја најдеш куќата, ќе отидеш и ќе чукнеш на вратата и ќе ѝ кажеш – чичко ти калуѓерот, ми кажа, кога ќе остануваш сама, да не ги шириш рацете и да не го повикуваш името на своето дете, оти твоето деце се наоѓа во прегратката на Богородица!
Во истиот момнет кога го чула тоа, почувствувала поток од утеха, како минува низ нејзината душа.
Другите два случаи се по успението на старецот. Гледајте како продолжува неговата нежност и љубов и почит кон човекот.
Еден човек поради кризата ја загубил својата работа и семејството му се распаднало. Гледајте каква работа е разочарувањето и очајанието, за да стигне еден подвижник дотаму да каже дека е подобро човек да согреши, отколку да падне во очајание. Ако не е нешто друго, гревот е движење, додека очајанието е задушувачка и мртовечка неподвижност. Тој стигнал до таа состојба, го зел револверот, го ставил во устата, сѐ имал изгубено и во оној момнет, ете ја помислата,  на ум му дошол неговиот соселанин, калуѓерот од Света Гора, кого одел да го види, кога бил млад. Знаел дека е починат и си рекол, заедно со помислата, дали она што го видов таму беше вистина? Така – вели – за прв пат слушнав дека душата ми вреска, стигнав дотаму, за да ја чујам својата душа како вриска. Го поставив револверот, не можев да говорам и слушам душата ми вреска: папа – Ефрем! Во тој час две големи ковчести раце го фаќаат одзади, го држат цврсто и од таа прегратка, топлина и нежност добил таква сила, не само просто да продолжи да живее, туку да се покајува, да се радува  и да му придава на животот духовна висина.
Пред три години во Тива требаше да има настан, посветен на старецот.   На плакатот беа ставиле фотографија на старецот и од долната страна ја пишувало датата, местото и часот. Требаше да биде во недела, во ноември месец. Ги залепиле плакатите. Тој ден до група млади луѓе се враќавме од едно село, врнеше дожд и на едно централно место во градот видовме еден млад човек, кој се симнал од моторот, како прави нешто врз плакатот на старецот. Сопревме, децата ми рекоа:
- Оче, да не излегуваме, не знаеме што се случува.
Немавме добра помисла, си помисливме нешто лошо. Реков: ќе сопрам!Слеговме. Момчето беше седнало на земјата. Откако ме виде, скокна и рече:
- Оче, те молам многу! Сакам да ми кажеш, каде е тој!
-Знаеш што, пријателе, старецот почина пред многу години.
- Што треба да значи тоа?
- Е, како да ти објаснам, старецот е умрен.
Тој одеденаш започна да плаче.
-Што зборуваш?! Јас треба да го најдам тој човек!
- Што ти се случи?
Минував со моторот и од плакатот почувствував како неговите очите да влегуваат во мене, како да го преобразува мојот ад, мојот мрак и знаеш ли оче? Јас сега, тој ад, кој го имам во мене и тој мрак, сакам да го истуркам, да го извадам! Така и тој младич, чувствувајќи ја нежноста на старецот, 20 години по успението стана еден од неговите духовни чеда и еден од неговите најдобри послушници.
Согледувајќи ги тие подробности од животот на старецот, да ја почувствуваме неговата љубов, нежност и тогаш сигурно, колку тврда корупка да создал егоизмот околу нашите срца, таа ќе се скрши. Срцата ќе ни се отворат и ќе ни се ослободат...

превод од бугарски јазик: Маја Белева

 

16ти ноември 2019 лето Господово

Извор

 

TVITer270

П.П. 2019-11-16 23:28:14

 

Друго:


    Преподобен Ефрем Катунакиски

27 фебруари
Старец Ефрем Катунакиски е роден во 1912 година во Амбелохори во Тива, од татко Јоанис Папаникитас и мајка Викторија. Старецот беше крстен со името Евангелос. Заврши Гимназија, но благодатта Божја ги затвори во Евангел световните порти на возобновата. Во Тива, каде што се беше преселило неговото семејство, Евангелос ги запозна своите Старци – Ефрем и Никифор. Животот на Евангелос беше монашки. Се подвизуваше духовно со Исусовата молитва, со метании, пост и главно со послушност. На 14 септември 1933 Евангелос го напушти светот и дојде во пустината на Света Гора во Катунаки, во исихастирионот на преподобен Ефрем Сирин и положи метанија во братството на Старците Ефрем и Никифор. По искушеништвото стана монах со мала схима, со име Лонгин, а во 1935 година доби велика схима од Старецот Никифор и го доби името Ефрем. Следната година стана јеромонах. Отец Ефрем се удостои и го запозна водачот на исихастичкиот живот, проѕорливиот и свет Старец Јосиф Исихаст (1898 – 1959) и се поврза духовно со него, со благослов на неговиот Старец Никифор. Во 1973 година се упокои јеромонахот Никифор, Старецот на отец Ефрем. После 1980 старецот имаше собрано братство и ја запазуваше заповедта на Старецот Јосиф да го добие братството по смртта на Старец Никифор. Старец Ефрем имаше голема духовна борба со непријателот на духовниот живот – суетата. Неговите жртви беа за Христа, а не за пофалби од луѓето. Литургијата за отец Ефрем беше потресен настан. Уште од првата Литургија која ја отслужил, сетилно ја гледал благодатта Божја како ги претвора даровите. По осветувањето на чесните дарови, Го гледаше Самиот Христос на дискосот и беше невозможно да ги задржи солзите, кога доаѓаше на ред раздробувањето на Телото Христово. Течеа солзи врз антиминсот во текот на Литургијата и околу себе гледаше ангели како му сослужуваат. Старец Ефрем беше украсен со дар на прозорливост и ја гледаше духовната состојба на секој клирик или монах и му даваше соодветни духовни лекови за напредок во духовниот живот. Благодатта Божја го имаше украсено старец Ефрем и со дар на предвидливост, па затоа и гледаше состојби кои доаѓаат (како земјотресот во Солун во 1977 година), и често ги повикуваше верниците, па и малите деца со имињата, кои по многу години ги добиваа при нивното монашење. Завештанието на блажениот отец Ефрем за единството на Православните беше јасно: „Расколот лесно станува, единството е тешко“. Во 1996 отец Ефрем имаше мозочен удар и остана неподвижен. Воопшто не негодуваше, туку Го славословеше Бога. Ни го остави својот пример за соочување со болестите. На 14/27 февруари 1998 отец Ефрем Катунакиски, светогорската легенда, ја предаде својата осветена душа во рацете на Создателот, Кому му служеше уште од детството. Во ноември 2019 година, Цариградскиот Патријарх г. Вартоломеј објави дека старец Ефрем наскоро ќе биде канонизиран, заедно со уште пет други нови свети.


mpc.org.mk/kalendar

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная