логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Venchavka.Carska


           Една од најголемите заблуди која ги доведува луѓето во прилика негативно да ги коментираат црковните луѓе, па и свештенството, е ставот дека во Црквата се’ е идеално, хармонично, дека животот во Црквата безмалку е рај. Но вистината е сосема поинаква. Еден од „фронтовите“на кој се исполнува сета трагика на животот во Црквата се браковите и семејствата.
Во целина, христијанските семејства, секако се постабилни од нецрковните. Имаме меѓу парохијаните и разводи – што е редок феномен, иако во Сретенскиот манастир доаѓаат околу илјада луѓе, и во голема мера тоа се млади и средновечни луѓе. Сепак мораме да признаеме дека бројот на разводи меѓу православните расте. Без оглед на тоа колку ми е горко тоа да го признаам, разводите се случуваат во последно време, дури и во свештенички семејства. Може да се каже дека христијанските бракови се се’ попроблематични. Зошто се случува ова? Зошто се распаѓаат христијанските бракови?
Прва и општа причина – уживање во сите сфери на животот. Вулгарната хедонистичка цел – „да се земе се’од животот“, тоа е ако не главната тогаш во голема мера значајна и одредувачка причина, исто е и кај црковните луѓе. Стануваме се’ повеќе себични. Ова е важно, секако и за нас, за свештенството.
               Втора причина: православните, за кои сега и зборуваме, едноставно не научиле што е христијански брак. И примерите на среќни, долгорочни, во висока смисла одговорни сопружници се ретки. Но спротивните примери на – беспомошни, сами сопружници, исповедници чии семејства се пред распаѓање – има колку сакате. На крајот на краиштата, разводот како обична опција за бегање од семејната криза, станува прифатливо решение. Разводот можеби не е посакуван исход, но се доживува како реална опција дури и за младите луѓе, кои само што стапиле во брак.
              Среќните и силни христијански бракови на нашите родители и пријатели треба сами по себе да ги научат адолесцентите на семеен живот, и претставуваат вредни примери за учење и подражавање. Сите тие бракови, посебно денес, навистина се наш заеднички црковен имот. Не е ни потребно да се коментира она што децата го учат од примерите на повеќето денешни дисфункционални семејства.
           Постојат горки примери каде што православни живеат со две семејства. Тука мора да се спомене уште една причина која доведува до ладење на духовниот живот, а посебно до колапс на христијанските бракови. Станува збор за лажен однос кон исповедта. Многу црковни луѓе денес се уверени дека се’ ќе им биде простено, ма што и да направат. Дури и чинејќи смртен грев, човекот е однапред сигурен: Отецот се’ ќе ми прости и гревот ќе исчезне. Всушност постои дисторзија на самите темели на духовниот живот: мекоста на свештеникот човекот ја доживува како охрабрување за грев.
Христијанинот мора да се покае
Денес често се говори дека епитимиите се одвојување од Светата Причест, неефикасни, беспотребни дури и кога станува збор за црковни луѓе. Јас не се согласувам со тоа. Епитимијата е потребна во духовниот живот. Патем, на тоа инсистираше уште и патријархот Пимен, тој пред триесет години ги повикуваше свештениците да не бидат како оние, кои во стара Русија ги нарекуваа „потаковници“, свештеници кои со својата лажна снисходливост беа попустливи кон гревот.
Во псалтирот, царот Давид не предупредува преку Светиот Дух: „Господ ќе ги скрши коските на човекот, кој сака да ужива“. Свештеникот незабележливо може да се претвори во човек која сака да угодува на другите. Ова секако не значи дека треба да бидеме крути казнувачи, чекор напред – може, чекор назад – куршум. Посебно тоа се однесува во сферата на семејните односи, која можеби е најделикатната и најсуптилната тема во пастирската пракса, и бара мудрост, време и грижа. Сепак, во друга крајност не треба да се запаѓа.
                 Христијанинот мора да се кае и поправа, наместо само механички да минува низ формално анулирање на своите гревови. За доброто на оној што се кае, после озбилен духовен престап, како неминовна последица треба да следува казна. И тоа не е озогласениот „легалистички“ пристап. Да се потсетиме, што значи словенскиот збор „казна“? Не се преведува како „навреда“ туку како „учење“. Секако во некои случаеви може да има и целосно помилување во истиот миг, доколку свештеникот во ваквото решение забележи корист за христијанинот.
                  Родителите не знаат како живеат нивните деца
Уште еден нов проблем во изградбата на семејниот живот – за мене, признавам, неочекуван, но можеби најподмолен: родителите не знаат како живеат нивните деца. И поради тоа, не можат на време да влијаат на нив. И ова не е само дежурна грижа. Пред неколку години, додека работев во програмата за борба против конзумирање алкохол од страна на деца и тинејџери, доста комуницирав со ученици од средните и повисоките одделенија. Тогаш јасно сфатив дека родителите, навистина немаат никаква претстава со што се занимаваат нивните деца.
              Во конекст на моменталниов разговор, сосем ситуирана девојка, од угледни родители секој ден може безгрижно да пие алкохолни коктели, пиво, вино, а мама и тато да не забележат. На родителите не им грижа за децата. Формално детето оди на училиште, кај приватен учител, на разни секции, а начини да се сокрие мирисот на алкохол има безброј. Многубројноста на овој феномен е видилива, бидејќи според податоците на Роспотребнадзор од пред четири години во Русија на дневно ниво алкохол конзумирале 33% од момчињата и 20% од девојките, почнувајќи од тринаесетата година. Што се однесува на нашата тема – за бракот и посебно иднината на бракот, мораме да кажеме дека многу деца почнуваат да живеат „возрасен“ живот со тринаесет или четиринаесет гдини, со потполно и блажено незнаење на родителите. За жал, ова не е претерување. Статистиката за ова прилично многу говори. Како и тоа дека деца на возраст од 4 година средно образование менуваат многу партнери, што е просто застрашувачка констатација. Медицинските специјалисти појаснуваат дека во овој случај под зборот „многу“ не мислат на едноцифрени, туку на двоцифрени броеви. Како резултат на тоа, овие млади момчиња и девојки едноставно не се во состојба да создадат семејство. И ете, доаѓа на исповед, да речеме некоја млада девојка и лелека од сопствената немоќ: „Го љубам својот сопруг, но не можам да бидам само со него!“ Навиката, стекната во тинејџерскиот период, а поврзана со психата и физиологијата, исклучиво тешко се надминува. „Лошите навики се полоши од демоните“, - предупредуваше еден од древните отци.


                  Семејната среќа е разновидна
Се мисли дека светиот Игнатиј Брјанчанинов, горко се сеќавал на тоа што во рок од една година во Црноморската епархија се случиле два разводи. Имајќи на ум, дека тоа е страшен пад на христијанскиот морал, светителот потсетил дека тоа ги изненадило дури и епископите, кои за време на своето долгорочно управување никогаш не виделе развод. Денес, според статистиката, 80% од младите семејства се разведуваат во текот на првите пет години од склучувањето на бракот.
              Секако, тоа не значи дека во минатото сите семејства биле потполно среќни. Но луѓето кои живееле долго во брак сфатиле дека семејната среќа е различна: постои „млада„ среќа и среќа на трпение и долгорочност, во највисока смисла на зборот – на животот.
Разводот е од неодамна систематска појава. А да не го споменуваме предреволуционерното време. Тогаш не постоеше широко отворената врата на разводот, кој е секогаш при рака. Воопшто, кај православните одлуката за уништување на бракот причинувала многу голем психолошки напор. Денес е неопходно да се бараат црковни начини за решавање на овој проблем – да се подготвуваат луѓето за брак, на семејствата да им се помогне да не се распаднат, духовно да се оттргнуваме од себичноста, хедонизмот, попустливоста и рамнодушноста кон гревот, и епископите и свештениците да размислат како да го споделат пастирското искуство, баш онака систематски и задолжително како што се прави во медицината.
Да не очајуваме!
                Но сепак, фала на Бога, повеќето наши млади парохјани и студенти се изненадувачки чисти! Се’ на се’, родителите и ние сме во состојба да им ја пренесеме идејата за чистота пред бракот, како и во бракот како сеопфатно и одговорно радосно случување кое открива многу, особено во духовниот живот на христијаните.
              Неодамна кај нас во богословијата, месец и пол пред Божиќниот пост, дојде еден ученик по благослов на Неговата Светост Патријархот за ракоположување во ѓакон. Ова момче се оженило пред само една седмица, и тој и неговата сопруга се еден исклучително убав, среќен и заљубен пар. Бидејќи по ракоположувањето, ѓаконот мора да служи Литургија секојдневно во рок од четириесет денови (а тоа е време на строг пост), па потоа го очекуваат и четириесетте дена на Божиќниот пост, јас му предложив на момчето за кратко да го одложиме неговото ракоположување. Но тој веднаш почна понизно и искрено да ме моли и покрај тоа веднаш да го ракоположам и уште ми рече дека службата во Престолот Божји му е најдраг сон, и кој на ниеден начин не му претставува препрека во неговиот брачен живот. Вакви светли и убави, примери на вистинска чистота во животот на денешните млади христијани, за среќа не се реткост. Немој да очајуваме!



      Православна Светлина бр. 52                

       Превод: Јаков Илкоски

        Јаков Илкоски


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная