логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 38.machenici1

Слепченскиот манастир отсекогаш бил чувар на словенската писменост, и во тоа древно светилиште на најдејствителен начин продолжила  Кирилометодиевата духовна дејност за просветување на словенскиот род. За ова сведочат безбројните зачувани ракописи, почнувајќи од 11 век, кои се пишувани од различни генерации на монаси, а верификувани со непроценлива вредност, како по содржина, така и по изведба, калиграфија, корици, орнаментика, украсни иницијали, а денес ги красат странските библиотеки и музеи, пред се во Русија, Бугарија, Украина, Србија, Хрватска, Света Гора.

        Слепченскиот Пролог со Химнографија прв дел за месец Декември 1-9 е продолжување на оваа вековна книжевна традиција на жителите од овој манастир. Водите на боговдахновеното слово после краткотрајна суша повторно почнаа да жуборат со славословија на Бога и Светителите, и како плод на повеќегодишен труд, денес пред нас е оваа книга за месец Декември, првенче од циклусот 36 тома кои со Божја помош ќе следат во наредните години.


          „Слепченскиот пролог со химнографија, има за цел да го продолжи континуитетот на епохалното дело на Светите рамноапостолни Браќа Кирил и Методиј, и нивните ученици Св. Климент Охридски, патронот на нашата Црква (МПЦ-ОА-ЈI), и Свети Наум, Охридскиот Чудотворец.

Некогаш, во времето на Светите Браќа Кирил и Методиј, ги разделуваше народите тријазичната ерес, исто како и во времето на градењето на Вавилонската кула, кога Севишниот, поради нивната гордост им ги измеша јазиците, а со слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, со разделувањето на огнените јазици, сите луѓе ги повика на единство, заедно да Го славиме Пресветиот Дух, така и денес, ова дело преку овие три јазици, современиот Македонски, Црковнословенскиот и Англискиот, нè повикува најнапред нас Македонците во целиот свет, а потоа и сите словенските народи, преку црковнословенскиот јазик, а сега и  преку светскиот англиски јазик, да Го славиме Троичниот Бог: Отецот, и Синот, и Светиот Дух.“

- Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско Новозеландски г. Петар

     

       „Поривот за создавање изворен, автентичен литургископоетски израз, својствен за црковнословенската култура, ја обележува и современата култура, а го става својот потпис и врз химничните песни на Слепченски пролог со химнографија / Книга прва декември (2020). Потписот оди во прилог на колективното авторство на „сестринството на манастирот ’Свети Јован Претеча‘ – Слепче“ …обидот на слепченското сестринство е благороден и честит, вдахновен од изворните и непресушни христијански идеали. Затоа, нема да погрешиме ако кажеме дека оваа химнографска книга е напишана, составена и подготвена за печат со посветеност која е вдахновена, но и вдахновува.“

- Академик Катица Ќулавкова





       „Светиклиментова писмена и литургиска традиција  во наредните векови ќе биде практикувана и негувана од монашкото братство на Слепченскиот манастир „Свети Јован Претечаˮ кој во минатото бил активен книжевен центар  и скрипториум на Охридската архиепископија. Тука духовно се подвизувале и работеле исклучително талентирани книжевни дејци какви што се еромонасите Висарион, Пахомиј и Матеј, инок Сисој и други од коишто е зачувано значајно црковно книжевно наследство. . .

По обновувањето на монашкиот живот во Слепченскиот манастир, се започнува и со обнова на книжевната дејност во манастирот. Се врши постепена дигитална реституција на црковното книжевно наследство по потекло од Слепче, се објавуваат книги со духовна и поучна содржина, чиишто автори најчесто се членови на манастирската заедница и сл. Од таков вид е и повеќетомното издание, во подготовка, под наслов ,,Слепченски пролог со химнографијаˮ, во коешто ќе бидат објавени пролошки житија и тропари за светците од првата половина на месец декември и тоа на црковнословенски, македонски и англиски јазик во придружба на источна и западна нотација. Пролошките житија се составени врз основа на постоечките житија на светителите, додека топарите се авторско дело на членовите на манастирската заедница. Како пролозите, така и тропарите се напишани на македонски црковен јазик со исклучителна компетентност и познавање на стилските особености на традиционалната македонска црковна поезија.“

   -   Академик Ѓорѓи Поп Атанасов
3.angeli.so.truba


      „Сегашните редови се посветени на една навистина уникатна според содржината книга, насловена како „Слепченски пролог со химнографија“, која на своите страници ги применува иновациите што ги налага нашето време, но истовремено ја утврдува старата псалтикиска традиција. На страниците на овој современ прирачник – плод на пофалната иницијатива на сестринството од манастирот „Свети Јован Крстител“, од село Слепче, Демирхисарско, се вложени многу посветеност, труд, музиколошка вештина и безгранична љубов кон овој вид уметност. Тука се издвојуваат голем број корисни придонеси во областа на химнографијата, синаксарографијата, псалтикографијата и богослужбеното дело.

Од химнографски аспект, овде треба да се забележи дека „Слепченскиот пролог со химнографија“ предлага, за нашата современост, едно многу полезно дополнување кон сеправославното богослужбено химнотворештво.“

  - д-р Љубомир Игнатов,

Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“



      „Мелемната вода на Охридското езеро повторно станува лековита и го обновува духовниот вид и соборноста на Православниот словенски свет. Направивте многу,  животот на православната духовност да се сочува,  и убавината во заедништвото на Византискиот комонвелт уште еднаш да се огласи како вредност на големата милост.

Јужнословенскиот духовен, православен простор, свртен кон Охридската  архиепископија, прозвучи во вашите вдахновени трудови, следеји ги најдобрите решенија. Со ваквиот чин вие укажувате на големата важност на почитување на сите односи кои го красат животот на помесните Цркви и го спречуваат самоволието и разделувањето на православниот свет.“

  - композитор Светислав Божич, член на САНУ
3.angeli.so.truba


      „Сите тропари се составени, односно музикографирани, според правилата на тропарскиот напев и мелодиските варијации присутни во жанрот на источно-црковното пеење, чиј сам наслов сугерира дека тоа е древното (црковносл. источник = извор) изворно пеење на Православната Црква, аманет на композиторите светители – химнографи. Со други зборови, тоа е музичката уметност на псалмопеење (старогрч. ψαλτικήτέχνη), без која не може да се замисли православната богослужба.“

  – протопсалт м-р. Георгиј Секулоски



    „Навистина, голема е радоста што го коментирам овој, мал, псалтикиен синаксар, кој го подготвија сестрите од манастирот „Свети Јован Крстител“ од Слепче.

Ова, досега е единствена книга од ваков тип, бидејќи, внатре, содржината на тропарите е тријазична. Најпрво, тропарот е напишан на црковнословенски јазик, потоа, на македонски, и на крајот, на англиски.

Житијата на светците, за секој ден, заедно со нивнитe тропари ќе ја направaт книгата многу корисна, како за обичните верници, така и за црквнитe служители.

И, иако европската нотација не може да ги предаде точно специфичните карактеристики на византиското пеење, сепак, нивната транскрипција е една од најдобрите што сум ги видел.“

- Панајотис Сомалис Протопсалт при храм „Св. Харалампиј“ Лутон, Англија



        „Книгата Слепченски пролог со химнографија несомнено е преродбенско надоврзување, суштествено возобновување и творечко збогатување на естетските дострели на христијанската химнографија: древните поетско-музички химнографски облици, настанати во далечното минато, пред нашите очи се овоплотуваат во една извонредна серија текстови и мелографирани песни во спомен и слава на многубројните светители, кои се слават секој ден од годината. Едновремено, чествувањето на светителите низ овие текстови е органски, неразлачиво поврзано со славењето на Бога, кому му се адресирани молитвените пораки. Секој ден од годините сегашни и идни.“

 - Πроф. д-р. Владимир Мартиновски


      „... пред нас е исправен скромен труд, плод на солзи и покајание, и молитвени воздишки кон Бога Срцевидецот, од сестринството на манастирот на славниот Претеча во Слепче, со благослов и духовно раководство на отецот Серафим. ...Слепченскиот пролог со химнографија всушност е создаден и предназначен да ја дополни богослужебната празнина (според типикот на Слепченската света обител), а ваквиот чекор е инспириран токму поради таа причина, и желбата, секој светител да биде прославен со свој тропар.“

- м-р Гоце Ристески



     Оваа книга е само  еден  мал дел, но голем почеток во она што го поставивме за цел на нашиот труд, а за кој се надеваме со помошта на Оној  Кој Самиот е Слово Божјо, да ни даде слово и разум и сила, да го довршиме започнатото со љубов дело, ползувајќи се од зборовите: Господи, усните мои отвори ги и устата моја ќе ја возгласува Твојата пофалба!

Во припреми е и вториот том на Слепченски пролог со химнографија за месец Декември од 10 - 20ти

 

Сестринството на Слепченскиот Претеченски Манастир

https://www.manastirslepche.mk/novost/nova-radost-od-slepcenskata-obitel-slepcenski-prolog-so-himnografija-za-dekemvri-prv-del-od-1-9ti/

 

 18ти декември 2020 лето Господово



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3217
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7709
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная