логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СВЕТИОТ ПРИНОС


Ѓаконот: Да застанеме добро, да стоиме со страв, да внимаваме, светиот Принос во мир да го принесеме.
Народот: Милост на мирот, жртва на пофалбата.

Да стоиме со страв

Во овој момент започнува Светиот Принос: Тогаш треба да ги “воздигнеме нашите мисли кои се влечат по земјата”. Според светиот Златоуст, зборовите на ѓаконот се изговараат за својата душа пред Бога да ја покажеме исправена, откако ќе се ослободиме од духовната парализа која животните грижи ја носат. И продолжува светителот: “Обиди се да сфатиш во чија близина стоиш. Со кого ти претстои да го повикуваш Бога: заедно со Ангелите, Херувимите... Значи, никој не треба да учествува во овие свештени и таинствени химни неодлучен во намерата... Туку, откако ќе ги оддалечи сите земни помисли од умот свој, и целиот себе си ќе се пренесе на небо, така како да стои во близината на самиот Престол на славата, и како да лета заедно со Серафимите, тогаш нека ја принесе пресветата химна на Бога, на славата и величеството. Поради тоа ѓаконот не поттикнува во тој момент внимателно да стоиме... Значи, да стоиме со страв и трепет, со душите будни и кои стражарат”111. Светата Литургија е Принос. Таа е единствен Свет Принос. Воздигнување на верните, и на нивниот принос на небото112. Чесните Дарови не се принесуваат едноставно горе на Небесниот Жртвеник, туку се вознесуваат во Наднебесниот Жртвеник. Ги воздигнува светителот (т.е. свештеникот), кој во продолжение не повикува сите нас да се воздигнеме во просторот на спокојството. Преминувањето и влегувањето во овој простор мора да биде во мир. “Многу мир и тишина треба” во тој момент на ова место113. Во часот кога Светиот Принос се принесува во наднебесниот Жртвеник, Ангелските Сили стојат покрај со страв и трепет. Побожно ги сокриваат лицата, прославувајќи го трисолнечното Божество.

Милост на мирот, жртва на пофалбата

На поттик на служителот кон верните светиот Принос во мир да го принесат, тие одговараат: Навистина го принесуваме во мир и со љубов спрема Господа и браќата наши. Принесуваме милост на мирот. Принесуваме милост, значи љубов, која е плод на мирот. “Бидејќи, кога никаква страст не ја вознемирува душата, ништо не ја спречува да биде исполнета со милост и љубов”114.
Бог, преку пророкот Осиј, ни кажува дека повеќе се цени да ја принесеме својата љубов кон Него и кон своите браќа, наместо една жртва која се принесува без љубов: Милост сакам, а не жртва. Не е можно да принесеме жртва на славослов Божји пред да принесеме жртва на љубов. Како што пишува свети Василиј Велики, единствена цел на принесувањето на жртви е милоста и љубовта115. Жртвата која се принесува со љубов, е жртва угодна на Бога. Тоа е жртва која ја слави и прославува Неговата љубов: жртва на  пофалбата.
Мироликите синови на Царството принесуваат милост на мирот, жртва на пофалбата. Таа жртва и Бог ја бара од нас преку Псалмопевецот: Принесете Му на Бога, благодарствена жртва. “Значи, жртва на благодарењето, на свештени химни и славослови низ делата. Ова што го кажува Псалмопевецот, го означува следното: Да живееш така за со животот твој да се прославуваш Господ твој. Онака како што Христос ни покажал: Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец небесен... Животот твој нека биде таков за да го прославува Владиката твој, и тогаш ќе принесеш совршена и угодна жртва”116.
Таква жртва сака Господ, ја посакува повеќе до миријади жртвувања на бесловесните животни: “Ќе Ти принесам жртва на благодарност, поблагодарствена од миријади жртви паленици, на Тебе, кој немаш потреба, и си совршен Бог”. На Господа му е поугодна жртвата на славословот Негов, бидејќи оваа жртва е пат на спасението човечко: Кој принесува жртва благодарна, тој Ме прославува, и кој го следи Мојот пат, нему ќе му го соопштам Божјото спасение117. ““

 Свештеникот: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, и љубовта на Бога и Отецот, и заедницата на Светиот Дух, да бидат со сите вас.
 Народот: И со твој дух.

Троичниот дар

  Во Светата Литургија земаме учество во Дарот на Света Троица: од изворот, значи од љубовта на Бога и Оца, низ вратата и патот, која е благодатта на Господа Исуса Христа и заедницата на Светиот Дух, доаѓа на собранието на Црквата и на секој верник лично.
 “Оваа молитва”, пишува преподобен Никола Кавасила “земена е од посланието на светиот апостол Павле и ни ги пружа добрата на Света Троица: од Синот благодат, од Отецот љубов, од Светиот Дух заедница. Земајќи предвид дека Синот без никаков наш допринос ни се дава себе, и уште повеќе, ние сме му должници, Неговата промисла за нас е благодат (милост;прим.ред). Бидејќи Отецот низ страдањето (искупителната крсна жртва; прим.ред) на Синот му го разоткри своето пријателството на родот човечки и ги засака повторно оние кои му беа непријатели, неговиот дар се нарекува љубов. На крајот, бидејќи требало Богатиот да ги подели своите добра со непријателите со кои се спријателил, тоа дело го остварува Светиот Дух по Слегувањето на Апостолите. Затоа добрината (дарот) на Светиот Дух се нарекува заедница”. Во продолжение, светиот Кавасила прашува: зошто е потребна оваа молитва овде, бидејќи сите овие добра на човекот му се дадени со доаѓањето на Христа на земјата? И самиот одговара: “Веројатно, за да не ги изгубиме, откако сме ги примиле, туку до крај да ги сочуваме. Затоа свештеникот не вели 'дека ќе се дадат на сите вас', бидејќи се дадени, туку 'да останат на сите вас': Да  бидат со сите вас”118.
Светата Литургија е заедница на човекот во благодатта на Троичниот Бог. Животот, кој му се дарува на човекот и го оживотворува, е дар на Пресвета Троица: “Нашиот живот даруван е од Отецот, низ Синот во Светиот Дух”, вели свети Василиј Велики. Секој Божествен благослов доаѓа на човекот од Отецот, се продолжува низ Синот и се извршува во Светиот Дух119. Бидејќи, “Света Троица е неразделна; таму каде што е заедницата на Духот, се наоѓа и заедницата на Синот, и каде е благодатта на Синот, таму е и благодатта на Отецот и Духот”. Така е “еден е дарот и власта на Отецот и Синот и Светиот Дух”120.
***

Одговорот на народот на Троичниот благослов на служителот покажува дека верниците во секој момент од Светата Литургија активно учествуваат во нејзиното служење. Светиот Златоуст во врска со тоа, говори: “Служителот не ги допира Даровите, кои се наоѓаат пред него, пред да ви ја посака благодатта Господова и пред да му одговорите: И со духот твој. Со овој одговор самите себе се потсетувате дека служителот ништо не извршува сам, и дека принесените Дарови не се заслуга на човекот, туку благодат на Светиот Дух, која е присутна и која над сите лебди, и ја извршува оваа таинствена Жртва”121.

Свештеникот: Горе да ги имаме срцата.
Народот: Ги имаме кон Господа.

Нагоре, кон височините, кон Престолот Божји

Евангелското сведоштво за Преображението Христово ни говори за следното: Ги зеде со Себе Петра, Јакова и Јована и ги одведе сами во висока гора, насамо, и се преобрази пред нив122. Истото се случува и со чудото на Литургиското преображение: Благодатта на нашиот Господ Исус Христос не презема од светот во кој живееме и не воздигнува на високата Гора на љубовта на Отецот, каде се свештенодејствува Тајната на заедницата на Светиот Дух. Кога Бог побарал патријархот Аврам да го жртвува неговиот сакан син Исак, му рекол: Земи го сега саканиот син твој Исака, па оди во земјата Морија, и принеси го таму како жртва сепаленица. Служителот не поттикнува и ние да влеземе во оваа возвишена земја, за да го принесеме евхаристискиот принос. Не дозволувај, вели светиот Златоуст, ниедна од ропските и потчинувачки страсти да се најде со тебе на местото на Светиот Принос. Искачи се сам таму каде ништо земно не треба да се искачи. Остави ја долу, на ниската земја, бесловесната и бесмислена страст. “Тогаш ништо нека не те спречува, а постани повозвишен и од небесата”123. “Имајќи го срцето горе кон Бога, да ја проследиме оваа велика глетка, сопостоењето понатаму на човечката природа со нематеријалниот оган на Божеството”124.
Горе да ги имаме срцата, вели свештеникот. Со ова горе ни укажува на местото каде се случува средбата на богољубивата душа и Младоженецот Христос. Ова место не е утврдено. Се работи за божествена Лествица која се потпира на Светиот Жртвеник, и чиј врв е недостапен за човечкиот поглед. Светителите ги карактеризира едно непрекинато движење. Се движат од Светиот Жртвеник кон видокругот на Трисолнечното Божество, и повторно до Светиот Жртвеник, кој е полн со светлина, бидејќи на него “Христос - Светлината на светот - го положува пресветлото Тело свое”125, за храна и живот на светот.
Душата се воздигнува незадржливо. Колку повеќе се воздигнува, толку повеќе кон поголема височина тежнее. Воздигнувањето ја разгорува желбата, а храната на Светата Евхаристија ја наситува гладта на таинственото созерцување. Свети Симеон Нов Богослов, кој ѕирнал во божествената убавина и се наситувал со храната на непропадливоста, говорел вака: “Едно нешто ми е тешко да сфатам, што не знам што повеќе ме весели, созерцувањето и задоволството (или убавината и сјајот радосотворни) на чистотата на Сончевите зраци, или пиењето и вкусот на виното кое го имам во устата. Бидејќи, сакам да го видам ова (значи, зраците на Сонцето), а ме привлекува она (значи, виното) и ми изгледа послатко. Кога ќе погледнам во ова, то ест во светлината на божествената благодат, повторно ми се чини попријатна од сладоста на вкусот на виното. Ниту можам да се заситам од гледањето на зраците на Сонцето, ниту се заситувам од пиењето на она вино. Бидејќи, кога ќе ми се стори дека сум се заситил пиејќи, тогаш убавината на испратените ми зраци прави да жаднеам и повторно да постанувам гладен и жеден”126.
Душата се воздигнува за да го сретне Бога. Трудот, кој го вложува, ја засилува и ја одмара. Планинарот на литургискиот Тавор непрекинато во себе открива нови сили: “Незадржливо напредува кон горното, постојано обновувајќи ги со веќе постигнатото, силите за искачување”127.
Душата сега се збунува: не бара од Бога да Го види како самата може, туку каков Самиот е. Божественото човекољубие се усогласува на бескрајниот човеков копнеж: “Оној кој навистина така го гледа Бога, сака тоа гледање никогаш да не престане”128.
“Ги имаме кон Господа”, му одговараат верниците на служителот. Со овој нивен одговор го уверуваат дека веќе се искачиле “горе кон височините... кон престолот Божји”. Нашите срца, му говорат, се горе каде е Христос кој седи од десната страна на Бога129.

Свештеникот: Да Му благодариме на Господа.
Народот: Достојно е и праведно.

 

Да Му благодариме на Господа

Верниците се веќе подготвени да продолжат кон Светата Евхаристија, а служителот токму на тоа и ги поттикнува. Да Му благодариме на Господа. Да Му благодариме низ Светата Тајна на Божествената Евхаристија.
Најдобриот начин да ги сочуваме даровите Божји, пишува светиот Златоуст, е да се сеќаваме на нив и непрекинато да Му благодариме на Господа за нив. “Токму затоа и страшните Тајни кои се извршуваат на секое евхаристиско Собрание на верните, и кои пружаат богатство на спасението, се нарекуваат Благодарење, бидејќи претставуваат сеќавање на многуте добра и разоткривање на врвот на божествената Промисла. Овие свети Тајни на секој начин не подготвуваат да Му заблагодариме на Бога... Токму поради тоа свештеникот, во часот на извршувањето на оваа Жртва, и не поттикнува да Му заблагодариме на Бога за целата вселена, за минатото и за сегашното. За се што се случило и за се што ќе се случи. Бидејќи, Светата Евхаристија не ослободува од земното и не пренесува на Небото. Од луѓе не прави Ангели”130. Му благодариме на Господа за Неговите Свети дарови, а самата Евхаристија е еден нов Дар Божји. Бидејќи на Него самиот ништо не му придодава, додека нас не прави домашни (блиски) на Себе131. Низ Светата Евхаристија постануваме домашни на Бога.

Достојно и праведно

На поттик на свештеникот: Да Му благодариме на Господа, верниците одговараат: Тоа е достојно и праведно. Нивниот одговор, вели свети Никола Кавасила, значи дека се согласуваат да се свештенодејствува Светата Евхаристија: “Откако сите верни ќе се согласат и ќе извикаат: Достојно и праведно е, свештеникот сам Му ја принесува на Бога Светата Евхаристија”132.
Според светиот Златоуст, одговорот на верниците,  “Достојно и праведно е”, го пројавува единството на Телото Христово и еднаквоста на служителите и верниците пред божествените дарови: “Благодарењето на Бога е заедничко, бидејќи свештеникот не благодари сам, туку и целиот народ. Откако свештеникот ќе почне, сите се согласуваат дека ова станува достојно и праведно. Тогаш свештеникот ја почнува Светата Евхаристија”133. Целиот народ учествува во неа и заедно оди со свештеникот. Одејќи кон новиот Живот, ја пееме со Светите Песната Нова: Четирите животни и дваесет и четирите Старци паднаа пред Агнецот... И пееја нова песна, велејќи: Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати, зашто Ти беше заклан и со Својата крв не откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе... Видов и чув глас на многу ангели околу престолот (...): Достоен е закланиот Агнец да ја прими силата и богатството, премудроста и моќта, честа, славата и благословот... И четирите животни велеа: Амин! И дваесет и четирите Старци паѓаа и Му се поклонуваа на Живиот во сите векови134.

Свештеникот се моли: Достојно и праведно е да Ти пеат, да Те благословуваат, да Те фалат, да Ти благодарат, да Ти се поклонуваат на секое место од Твоето владеење. Зашто, Ти си Бог неискажлив, неспознатлив, невидлив, недостижен, Кој секогаш си, на ист начин си, Ти и Единородниот Син Твој, и Светиот Дух Твој; Ти од небитие во битие си не привел, и нас, отпаднатите, пак си не подигнал,, и не си престанал да правиш се, додека не си не вознел на небото и си ни го дарувал Твоето идно Царство. За сето ова Ти благодариме, Тебе и на Твојот Единородниот Син и на Светиот Дух Твој; за сите знајни и незнајни, видливи и невидливи добродетелства, што ни се направени. Ти благодариме и за оваа служба, која си благоволил од нашите раце да ја примиш, иако пред Тебе стојат илјдници архангели, и безброј Ангели, Херувими и Серафими, шестокрилни, многуоки, кои се возвишуваат рацкрилени.  Победната песна ја пеат, воскликунуваат, извикуваат и говорат.

 

Ти благодарам и Ти се поклонувам Пресвет Цару

Троичниот Бог го привел човекот од непостоење во постоење, бидејќи “доброто требало да се излее и да се рашири”135. Го создал човекот и го поставил блиску до Себе, како мелод на славата Негова. Кога човекот отпадна, повторно го воскресна и го подигна на Небо. Затоа Христос постана човек, вели светиот Златоуст, и “не престана да чини и се да надгледува, и да се грижи за се, додека оној кој му беше противник и непријател Божји (значи, човекот) не го вознесе до самиот Бог и го направи Негов пријател . . . Христос, на некој начин, зел еден одбран принос, првината од човечката природа, и ја вознел како дар на Бога Отецот, Господарот на се. Како што се случува некој да земе малку класје од нивата, да направи еден малечок врзоп и да го принесе на Бога, донесувајќи со овој малечок принос благослов Божји на целата нива, така направил и Христос... Му го принел на Отецот одбраниот принос од родот човечки, своето Тело. Отецот толку се восхитил на овој дар - поради големата вредност на Оној кој го направил приносот и поради беспрекорноста на приносот - што Го примил во Своите раце, го ставил блиску до Себе и му рекол: Седи од Мојата десна страна. На кое суштество Бог му рекол: седи од Мојата десна страна? На она кое некогаш слушнало: Земја си и во земја ќе се вратиш... Замисли, колку човекот бил ниско, и колку високо се воздигнал. За човекот не постоела пониска точка да слезе од онаа до која слегол, ниту, повторно, повисока, за да се воздигне, од онаа на која го вознел Христос”136.
Му благодариме на Бога за знајното и незнајното. За неговите видливи и невидливи доброчинства: “Ти благодарам и Ти се поклонувам Сесвет Цару, затоа што пред да се родам, Ти, единствен бесмртен, единствен семоќен, единствен добар и човекољубив, слезе од Својата света височина на земјата и се воплоти и се роди од Светата Дева, за да ме обновиш и оживотвориш, и за да ме ослободиш од прародителскиот грев, и за да ме подготвиш за воздигнување на Небото. Најпосле, откако сум се родил и сум пораснал, ти си ме препородил со обновувањето на Светото Крштевање, и си ме украсил со радоста на Светиот Дух, и си ми дал свет Ангел чувар... Меѓутоа, сите овие дарови кои си ми ги дал... со ништо не сум ги усвоил, туку како ништожник повторно сум се ничкосал во калта и валканштината на нечистите помисли и дела. И откако повторно се урнав во бездната, паднав меѓу измамници кои таму беа сокриени... Иако, бидејќи заробен од нив, се радував како одземен, Ти меѓутоа, Владико, не поднесе да ме гледаш така покорен... туку ме исцели и помилува... и ми ја пружи својата пречиста рака мене, кој бев заринкан внатре, во длабочината на онаа смрдеа, и не Те гледав. Ме повлече за коса... на сила ме извлече оттаму... Оттогаш, значи, прифати почесто да ми доаѓаш, Ти најдостојниот, во времето кога стоев блиску до изворот; и земајќи ја главата моја, ја потопи во водата правејќи да ја гледам појасно светлината на лицето Твое. И во тој момент ќе одлеташе и исчезнеше, не давајќи ми да сфатам кој беше Ти кој се ми направи, или од каде дојде и каде одиш (Свети Симеон Нов Богослов) “137.
Му благодариме на Бога за се. Му благодариме за самата Божествена Литургија која ја прима од рацете наши. Бог би можел да одреди Светата Евхаристија достојно да ја служат пречистите ангелски Сили, но не удостојува нас луѓето да го извршуваме ова дело и го прима светиот Принос од нечистите наши раце.
Му благодариме за Светата Евхаристија. А по Евхаристијата (Благодарењето) ни дава уште поголема благодат. Бидејќи, “благодарноста на оној кој прима, го поттикнува оној кој дава на уште поголеми дарови од претходните”. Благословената низа постанува подолга: Благодат - Благодарење (=Евхаристија) - Благодат... Чувствуваме плима на благодат: “Бидејќи, човекот кој е благодарен на својот Творец, сад е на добрина и инструмент на прославување Божјо”138.
Му благодариме безброј пати на Сесветото Име Негово. Го прославуваме и величаме:

Боже мој Благи,
Кој ми се сожали кога паднав,
И благоизволи да слезеш при мене,
Воздигнувајќи ме со распетието,
воскликнувам кон Тебе :
 Свет си, Господе на славата,
Во добрината неспоредлив139.

 

(Продолжува)

Издавач: Скопска епархија

Библиотека КЛУЧ

Уредник: Презвитер Игор Калпаковски

Еромонах Григориј Светогорец - ТОЛКУВАЊЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА (II)

Еромонах Григориј Светогорец - ТОЛКУВАЊЕ НА СВЕТАТА ЛИТУРГИЈА (I)
 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3124
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7597
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная