логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

За славењето на Новата Година
(од колекцијата на избрани проповеди)

 

Архиепископ Џорданвилски Аверкиј (1906-1976)

 

Ние луѓето сме разумни битија, зашто Бог е Врховниот Ум, и Он не создал „според Својот образ“ (Битие 1:27). Оваа разумност е нашата главна одлика. Поради оваа причина непријателот на Бога и човечкото спасение, ѓаволот, сакајќи да го избрише од нас тој Божји образ, напаѓа со непоимливо огромни напори, поттикнувајќи не да правиме најнеразумни нешта спротивни на секоја смисла.

Некој може со увереност да рече дека човекот е мачен на земјата најповеќе заради пречестото дејствување спротивно на потребите од неговата Бого-дадена природа, т.е. наместо разумно делање, тој е прелажен да врши разни неразумни дела, поради кои се сопнува, паѓа и прави болни грешки, кои некогаш и смртно го рануваат.
Но за да живее на начин подобен на неговото високо звање „Човек“, кога некој одлучува какво дело ќе изврши, тој секогаш мора претходно да се запраша: „Дали ова што планирам да го направам е разумно?“

Така, се до денешен ден, со настапувањето на Новата Година, природно е да се запрашаме:„ДАЛИ Е РАЗУМНО ДА ЈА ПРОСЛАВУВАМЕ НОВАТА ГОДИНА НА НАЧИН КОЈ СЕ СМЕТА ЗА МОДЕРЕН? ДАЛИ Е РАЗУМНО ДА СЕ ПОМИНЕ НОВАТА ГОДИНА ВО ВЕСЕЛА, БЕЗУМНА ГУЖВА, ВО ПРЕКУМЕРНО ЈАДЕЊЕ И ПИЕЊЕ, ВО ИГРАЊЕ И СИТЕ ВИДОВИ НА НЕСКРОМНО ОДНЕСУВАЊЕ И ЗАБАВУВАЊЕ?

Дали е разумно, во главно, да се пречека Новата Година со веселби?

А обичајот кој постои (кај некои) да се прославува Новата Година двапати, и по новиот и по стариот календар, е потполно апсурдна и без смисла1.

Но, што е навистина причината за веселењето при прославувањето на Новата Година, посебно онакво веселење кое во наше време често ги преминува сите морални граници и на некој начин отсликува пагански обред? Всушност, ова несомнено Е остаток од паганизмот, зашто суеверните пагани биле убедени дека што „повесело“ ја празнуваат Новата Година, толку повесела и посреќна таа ќе биде за нив. Но, секако, ние не сме пагани; па затоа нема смисла да постапуваме така, зашто тоа за нас е несоодветно и навлекува секаква осуда.

На почетокот на Новата Година ние имаме стар обичај да си посакаме „нова среќа“
Но, од каде и од кого ние ја очекуваме таа „нова среќа“? Од Единствениот, секако, во Чии раце е нашето привремено земно постоење и, што е уште поважно, нашата судбина во вечноста – од нашиот Создател и Дарител Господ Бог!

Почетокот на Новата Година треба да не потсети дека нашиот живот е пократок за една година, дека сме една година поблиску до вечноста која неизбежно не очекува. А и кој знае – можеби Новата Година што настапува ќе биде последната година од нашиот земен живот. И, што тогаш? Зарем е ова навистина причина да се веселиме додека не колапсираме? ЗАРЕМ НЕ БИ БИЛО ПОРАЗУМНО, ПОПРАВИЛНО, ДА СЕ ПОМИНЕ НОЌТА ВО КОЈА НОВАТА ГОДИНА ЗАПОЧНУВА ВО МОЛИТВА КОН ГОСПОДА, ЗА ОН ДА ЈА „БЛАГОСЛОВИ КРУНАТА НА ГОДИНАТА ШТО НАСТАПУВА СО НЕГОВАТА ДОБРИНА“, ОТКАКО ЌЕ НИ ГИ ПРОСТИ СИТЕ ВОЛНИ И НЕВОЛНИ ГРЕВОВИ ШТО СМЕ ГИ НАПРАВИЛЕ ВО ИЗМИНАТАТА ГОДИНА? Токму заради ова, всушност, Светата Црква не повикува на НОВОГОДИШНИОТ МОЛЕБЕН 2, кого таа специјално го одредила (за оваа намена).

Тоа што од година во година нашиот живот станува се потажен и наместо „нова среќа“ се повеќе и повеќе се соочуваме со многу нови несреќи, таги и жалости, не е ли последица на тоа што наместо да Му се молиме на Господ Бог на почетокот на Новата Година, ние лекомислено се предаваме на разни видови неорганизирани проводи и забавувања на пагански начин?

Нашата духовна негрижа, запоставеност, и окаменета бесчувственост не носат до таму што ние не ги вршиме дури ни оние дела што се општоприфатени како потребни во секојдневниот земен живот. Сите граѓански институции и бизнис претпријатија сметаат дека е апсолутно неопходно на почетокот на Новата Година да ги подготват годишните извештаи од нивната работа во изминатата година, да проверат во детали и да видат дали нивното рабтење поминало онака како што требало за да постигнат успех, да размислат што треба да се подобри, измени или поправи, и да состават буџет и работен план за наредната година – се со цел да ја подобрат и обноват својата работа. ЗАРЕМ НАШИОТ ДУХОВЕН ЖИВОТ БАРА ПОМАЛКУ ТРУД? „Не вреди ли душата повеќе од храната?“ (Св.Мат. 6:25) Не се ли духовните работи поважни од материјалните?

 

На почетокот на Новата Година ние, Христијаните, не треба да играме, туку внимателно да се преиспитаме себе си, барајќи детален извештај од својата совест: дали сме се однесувале на достоен и потполно Христијански начин во минатата година; дали сме на прав пат во животот, или сме скршнале на погрешниот пат кој води кон пропаст; дали сме направиле барем мал прогрес во областа на нашето морално себе-исправување, или целосно сме се извалкале во бездната на страсти и пороци? И од ова да го извлечеме соодветниот заклучок за неопходноста да се направи ваква или онаква промена во нашиот живот, за да можеме во Новата Година да започнеме наново: „Да го слечеме од нас стариот човек кој тлее заради измамливите страстни желби, и да се облечеме во новиот човек кој е создаден според Бога во правдата и светоста на вистината.“ (Ефес. 4: 22-24, Колос. 3: 9-10).

Новата Година ќе биде НОВА за нас, само кога ние самите цврсто ќе решиме да бидеме духовно обновени и да започнеме нов живот, одлучно отфрлувајќи ги сите наши поранешни гревовни страсти и навики. Само тогаш ние ќе можеме да очекуваме „нова среќа“ која традиционално си ја посакуваме еден на друг, зашто среќата не може да се постигне без Бога и без донесување мир на нашата совест и негово зачувување преку ревносно исполнување на Гоподовите заповеди! Оној што има нечиста совест не може да биде среќен! Зашто, вистинска и непречена среќа не може да се пронајде во богатство и слава, ниту во задоволсва и уживања, туку во внатрешниот духовен свет и во мирот на совеста. Ова е недискутабилен факт посведочен од самиот живот!

***
 
...Ние треба неуморно да работиме на нашето духовно обновување, за „оној Ден“ (Денот Господов) да не не најде неподготвени, зшто ова е главната задача во нашиот живот, а не барање занимации и уживања и стремење кон слободен и лесен живот, како што прават оние кои обожаваат весели Новогодишни забави, посебно два пати!3 

Ужасните и значителни настани на времињата во кои живееме сеуште не успеваат да ни помогнат да помислиме на тоа дека ЧАШАТА НА ГОСПОДОВОТО ТРПЕНИЕ Е ПОЛНА ДО ВРВОТ И ДЕКА ДЕНОТ НА ГОСПОДОВИОТ ГНЕВ Е БЛИЗУ!

Ако одлучиме цврсто да застанеме на патот на нашата духовна обнова, тогаш секоја Нова Година треба да биде НАВИСТИНА НОВА за нас. Тогаш ќе го прославуваме нејзиното доаѓање на вистински начин, како што им доликува на Христијаните, а не така лекомислено и неразумно, како што мнозина сега го прават тоа. Тогаш ќе го дочекаме „доаѓањето на Денот Господов“ не со страв, туку со радост, зашто тоа ќе биде денот на пропаст за неверните и триумф на Господовите Праведници!
 
 
 

[1]Овде авторот алудира на тоа дека за нас, православните што го следиме стариот календар, треба да постои само едно прославување на Нова Година, она кое е надвор од Божикните пости, т.е. на 14 Јануар (заб. од преведувачот).

[2]Во Руската Задгранична Црква, за да се избегне против-Божното празнување на Новата Година (по нов календар) со прекршување на Божикните пости, одредено е во сите Храмови на Новогодишната ноќ да се служи Новогодишен Молебен. Во денешно време, слава на Бога, на таа служба Руските Храмови се преполни.

[3]Види фуснота бр.1

Превод од Англиски: С.Л.
 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная