ПАСХАЛНО МОЛИТВЕНО ПРАВИЛО*
Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи
и на оние во гробовите живот им подари.
..................................(3 пати)
Откако го видовме Воскресението Христово,
да Му се поклониме на Светиот Господ Исус,
Единствениот Безгрешен.
На Крстот Твој му се поклонуваме Христе,
и Светото Твое Воскресение
го воспеваме и славиме;
зашто Ти Си Бог наш, освен Тебе за друг не знаеме
и Името Твое го призиваме.
Дојдете сите верни да му се поклониме
на Светото Христово Воскресение, зашто ете,
со Крстот радоста дојде за сиот свет.
Секогаш благословувајќи Го Господа,
да го воспееме Воскресението Негово,
зашто распетие поднесувајќи,
со смртта смртта ја разруши.
...............................(3 пати)
Оние што дојдоа пред утрото со Марија,
и го најдоа каменот од гробот поместен,
од ангелот слушнаа:
Зошто Оној Кој е во светлоста присносуштна,
меѓу мртвите како човек Го барате?
Видете ги гробните повои,
итајте и на светот кажете му
дека воскресна Господ, Кој смртта ја умртви,
зашто Син е на Бога Кој го спасува родот човечки.
Иако во гроб Си слегол Бесмртен,
Ти адската сила Си ја урнал
и Си воскреснал како Победник, Христе Боже.
На жените мироносици им рече 'радувајте се',
на Твоите Апостоли мир им подари,
на паднатите пак, Воскресение им даваш.
Во гробот телесно,
во адот со душата како Бог,
во Рајот со разбојникот,
и на престолот Си бил, Христе,
со Отецот и Духот, се исполнувајќи Безграничен.
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Како животоносен, како од Рајот попрекрасен,
навистина посветол од секоја царска одаја
се покажа, Христе, Твојот Гроб,
изворот на нашето Воскресение!
И сега и секогаш и во сите векови. Амин.
На Вишниот Си осветена Божествена Скинија.
Радувај се, зашто низ Тебе
им се даде радост, Богородице,
на оние што повикуваат:
Благословена Си Ти меѓу жените,
Себеспрекорна Владичице.
Господи помилуј ...........(40 пати)
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух,
и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Почесна од Херувимите,
и неспоредливо пославна од Серафимите,
Бога Словото девствено што Го роди,
Тебе, Која навистина Си Богородица,
Те величаме.
По молитвите на Светите отци наши,
Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нé.
Амин.
Христос воскресна од мртвите,
со смртта смртта ја победи
и на оние во гробовите живот им подари.
...............................(3 пати)
*Пасхалното молитвено правило го читаме во текот на Светлата седмица наместо Повечерието, Полуноќницата и Часовите. Го чита и Свештенослужителот кога 'зема време', пред Божествената Литургија, секогаш трипати.
Извор: МАЛ ПРАВОСЛАВЕН МОЛИТВЕНИК
Издавач: Струмичка епархија