Архимандрит Андреј Конанос - Песната на Ангелите
Бог нѐ сакаше, нас, Неговите ластовици, кои умиравме од студ – студот на самотијата, меланхолијата, гревот, болката, порокот, егоизмот. Егзистенцијален студ. А Бог нѐ гледаше и велеше: Ластовички мои, елате да се стоплите, има топли места, сакам да ве спасам, сакам да ви ја покажам Мојата голема љубов. Тој ни зборува уште од рајот, од каде што паднавме, а ние не Го разбиравме.


"Секој "религиски свет", вклучувајќи го тука и христијанството лесно се снаоѓа без Бога, но затоа но за момент не може без боговите т.е. без идолите. Таквите идоли постепено можат да постанат и црква, и побожност, и црковен начин на живот, па и самата вера...
Сметам дека постот на прв поглед е очистување на организмот, така што, тој не им смета ниту на „неверниците“. Но, за мене постот не значи само воздржување од храна, туку значи и поминување повеќе време на молитва и почесто одење во црква. Постите се држат во моето семејство, а јас еднаш или двапати неделно одам во црква.
И друг пат за политичарите рекол: “Што ќе направат за тебе политичарите, кога самите си се заплеткале во душевните страсти? Кога човек не може да помогне на самиот себе си, како може да помогне на другите? Ете и ние стигнавме до тоа. Ако бевме вистински христијани, ќе испратевме во парламентот, се разбира, не христијанска партија, туку
Откако ги навел примерите на свети Јован Крстител, светиот апостол Павле и на самиот Господ, кои со молитва и пост се подготвувале за јавна служба, свети Јован продолжува: ,,Кој е од страната на телото, со тоа се бори против духот, а кој го подржува духот, го потчинува под себе своето тело. Ете, тие ( духот и телото) постојано се борат помеѓу себе, затоа ако сакаш
Старец Амфилохиј од Патмос велеше: ’Секоја вечер испитувајте се дали можеби некого сте соблазниле! Можеби сум сторил нешто во мојот живот што довело до тоа некој да ја напушти Црквата‘. Тоа е проверка која треба да ја практикуваме сите ние кои носиме расо“.
Со други зборови, Божјиот суд е суд на љубовта. Љубовта не е ништо апстрактно и неопределено. Ние сме во светот и сигурно во пракса ги немаме силите – како да го кажам? Возможности? Згодни прилики? Време? – да правиме аскетски подвизи и дела, какви што чинеле светителите, какви што монасите навистина имаат можност да вршат итн. Ние секој ден сме во светот. Како може да се доближиме кон Бога? Преку љубовта.
Има три зла кои се најголеми и почетоци на секое зло; од нив се раѓаат сите други зла: незнаењето, самољубието и омразата, кои роднински се поврзани и взаемно си помагаат. Зашто од незнаењето на Бога се раѓа самољубието, а од него – омразата спрема она што има иста природа. И никој не му противречи на она што лукавиот го прави против нас преку нив, учејќи нѐ да ги злоупотребуваме нашите сили: со разумот, со желбите и со енергијата.
Знам, Господи, дека не секогаш оддавав признание и благодарност за здравјето, кое Ти ми го даруваше.
Интересно е да се напомене дека манастирот нема ктитор, туку народот сам го градел, на што кривопаланчани се посебно горди. Манастирот во својата богата историја бележи подеми и падови. За неговото значење зборува податокот дека бил посетуван од повеќе црковни великодостоинственици, државници и патеписци. На иницијатива на Хаџи Стефан Бегликчијата во 1847 год. започнува изградбата на големата соборна црква посветена на св. Јоаким Осоговски.
Откако прими видение и дејание, свето украсувајќи ги чувствата, твојот живот си го насочил по патот на божествените заповеди, бидејќи на монасите им се покажа како светол светилник, упатувајќи нѐ и просветлувајќи нѐ кон богопознание. Затоа со љубов го величаме твојот спомен, преподобен отче наш Јоакиме, и поради тоа ти викамеː Моли Го Христа Бога, да им даде прошка на гревовите на оние што со љубов го слават твојот свет спомен.
Авва Јoван Кoлoв ги прашал мoнаситe: „Кoј гo прoдадe Јoсифа?“ Eдeн oд нив oдгoвoрил: „Нeгoвитe браќа“. Старeцoт рeкoл: „Нe браќата, туку нeгoвoтo смирeниe. Јoсиф мoжeл да oбјави дeка тoј им e брат и да сe спрoтивстави на прoдажбата, нo тoј тoа гo прeмoлчил. Значи, смирeниeтo гo прoдалo. Нo, истoтo тoа смирeниe пoдoцна гo направилo гoспoдар на Eгипeт“.























