Ретроспектива (2005-2020): Духовни бисери од св. Атанасиј Велики
Во Црквата секогаш треба да се отфрла и спречува она што ѝ е туѓо и што соблазнува, и најмногу да се чува мирот и слогата, но под услов верата да биде здрава (односно правилна, православна). Тогаш и Господ ќе нѐ помилува и ќе го соедини она што е разединето. И кога ќе бидеме едно стадо, повторно ќе имаме еден Водич – нашиот Господ Исус Христос.