Детето, веројатно имаше дваесеттина години, а според начинот на кој отсечно, грубо и школски паркираше, можеби и помалку. Зад автомобилот се построи велосипедист. Го познав по шапката, тоа беше чичко Томо, пријател на татко ми од старата маала. Сиромав и сирот, преживеа мозочен удар пред неколку години, но тоа не го спречи да продолжи со вообичаените активности, кои во неговата ситуација беа и неопходност.
Како просветлен Првојерарх на Великата Христова Црква, Вие храбро и трпеливо го понесовте крстот да бидете, според зборовите на Господ Исус Христос, „прв во служење на другите“ (Сп. Мк. 9, 35) и достојно одговоривте на својот историски призив. На тој начин се уподобивте на своите славни претходници, големите патријарси на Константинополскиот престол.
Зар не знаеш дека страдањата и искушенијата се умножуваат тогаш кога Господ му ја приготвува на некого својата милост? И воопшто не го посакувај спокојот, ако не ти го испраќа Господ, зашто телесниот спокој е одвратен пред Господа. Самиот Господ реколː „Во светот ќе имате маки“ (Јован 16, 33)
Што сакам да кажам? Денес човештвото со своите стравови стаса до ѕидот. Ако го изземеме архаичниот страв од природни катастрофи (земјотрес, поплави, пожар), тогаш двата други најсилни стравови, според мое мислење, се стравот од самиот себе и стравот од другиот човек. Двата стравови денес искуствено се доживуваат.
За таа цел, ако сака да премине од душевност кон духовност, тој е должен да напредува во верата и во стравот Божји, да воспитува во своето срце побожност, љубов кон Бога и кон луѓето, и често преку исповед, да ја очистува својата совест, стремејќи се кон сè подлабоко богопознание, кое ќе биде постигнато преку смирување на умот (т.е. на телесното мудрување – Рим. 8, 6) пред богооткриените вистини.
"Поголема благодарност треба да им оддадеме на оние што нe боцнаа со што излегоа трњата од нашата душа,
отколку на оние што бесплатно ќе ја ископаат нашата област
и ќе ни ја покажат нашата скриена непозната ризница.
Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сѐ потежок и потежок.
После повеќе од 200 години од смртта на великиот македонски книжевник Јоаким Крчовски, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прибројување на Крчовски во диптихот на светиите.
На 22 овој месец во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ ќе биде извршена свечена канонизација на Јоаким Крчовски.
За жал, во наше време имаме многу такви што ја потресуваат Мајката Црква. Оние што се образoвани се фатија за догмата со својот ум, а не со Духот на Светите Отци. Неуките, пак, се фатија за догмата, но со заби, и затоа кога разговараат за црковните теми крцкаат со забите така што прават поголема штета, отколку непријателите на Православието."
Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново:
„Дете мое, не плачи... Престани да плачеш и слушни ме. Јас сум Свети Ефрем. Љубовта што ја барате, вистинската љубов, е кај Бога, и Тој ја дава на оние кои го сакаат Него и кои искрено го бараат. Тука сум да ја објавам Божјата љубов кон тебе. И имајќи ја оваа љубов, не треба да се плашите од ништо, дури и од смрт. Затоа што Божјата љубов може да те спаси и заштити од секоја болест,
На 6.5.2022 година, ден кога Црквата гo прославува светиот вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Чаир.
На Литургијата во протојерејски чин беше ракопроизведен јерејот Аљоша Куруноски.
Апoстoлoт нe вeли дeка Христoс пoставил нeкoја oснoва, туку дeка e Oн таа пoставeна oснoва. Oн e сeта правда, па затoа Oн e oснoва на сeкoја правда. Oн e сeта вистина, па затoа Oн e oснoва на сeкoја вистина. Oн e сeта мудрoст, па затoа Oн e oснoва нe сeкoја мудрoст. Oн e сeта сила, па затoа Oн e oснoва на сeкoја сила. Oн e сeтo дoбрo, па затoа Oн e oснoва на сeкoe дoбрo.