Човекот – е образ Божји
Во секого од нас постои искрата на Божеството, образот Божји, бесмртниот почеток, кој Господ го вдахнал во човекот при создавањето. Образот Божји во човекот, како прво, се наоѓа во бесмртноста на душата, во нејзината духовност, бидејќи Самиот Бог е совршен и апсолутен Дух; како второ, во разумот (во способноста на човекот да мисли, да биде свесен за својата личност и во можноста да го познае Бога); како трето, способноста за креативност (Бог – е Творец, и Он нам ни дал