Митрополит Европски Пимен - За стилот и јазикот на проповедта
Моето размислување за тоа каков треба да биде стилот на проповедта започнува со една теологумена за тоа како би се развивала мисијата на Божјата Црква ако Христос избереше поинаков стил на проповед, бидејќи Христос ја започна Својата мисија на земјата не со проповед со премудри и неразбирливи зборови, туку со дела кои го сведочеа Неговиот збор, словото на Божјото Слово.