Ретроспектива (2005-2020): Д-р Георгије Манзаридис - ВРЕМЕТО И ПРОСТОРОТ (8)
Додека времето силно го преокупира вниманието на луѓето, просторот како да останува на маргините на интересирањето. Но, во стварноста, времето и просторот се соединети и неразделни. Времето не постои самото за себе, туку во просторот. А и просторот не се протега самиот за себе, туку заедно со времето. Се чини, меѓутоа, дека напоредо се создава и одредена спротиставеност меѓу просторот и времето. Ослободувањето од некој конретен простор се остварува со посредство на времето. Така е и со движењето во просторот, кој претставува корпа за отпадоци на времето.