Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време
Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните, и затоа само се трошиме и заморуваме, а преостанатото време од денот, од очај и зависност, го поминуваме, на пример, пред разните екрани, како и во други начини на бегство од реалноста.