Светиот апостол Ерма: „ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)
- Тоа се синовите на беззаконието, коишто верувале лицемерно, и од коишто не отстапило ниту едно лукавство; затоа тие и немаат спасение, зашто се непогодни за градење поради својата неправедност – нив ги раскршуваат и ги отфрлаат далеку, заради гневот Божји, зашто Го навредиле. А значењето на другите камења коишто ги виде како лежат наоколу и не бидуваат вградувани во здаднието, е следно. Оние, врз коишто се налепила мувла, се луѓе коишто ја спознале вистината, но не останале во неа и не се во општење со светиите