Архимандрит Андреј Конанос: Тешко ни е да се довериме на Бога – III дел
Можеш ли да го направиш тоа? Да го оставиш твоето дете, својот сопруг, сопругата, да ги оставиш сите спокојно да си го направат својот избор, да ги донесат своите одлуки, без да ги притискаш или провоцираш. Твојот најголем проблем е тоа дека никој не ти е виновен што не си ја пронашол својата среќа, никој не ти е виновен за негодувањето што го пројавуваш, за празнотијата што ја носиш во душата и си велиш: „Ова е причината, оној е виновен!“