Старец Софрониеј Сахаров: За коренот на болеста
Невозможно е човештвото
да се излечи со политички мерки,
бидејќи коренот на болеста
лежи во сферата на духот.
Невозможно е човештвото
да се излечи со политички мерки,
бидејќи коренот на болеста
лежи во сферата на духот.
На 2ри март 2019 година, кога МПЦ-ОА молитвено го прослави споменот на светиот великомаченик Теодор Тирон,преподобниот Теодосиј Бугарин и неговиот ученик Роман,и света Маријамна (Марија), во храмот на св.Петка, во скопската населба Црниче се отслужи Заупокоена Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Во соработка со Mediterranean Events, во сабота, 2ри март, во Millenium Chapel во Ст.Џулијан, Малта, македонската композиторка Дарија Андовска ќе се претстави со целовечерен мултимедијален концерт под наслов LIQUID- CRYSTAL, како што е наречено и нејзиното авторско ЦД во издание на СОКОМ. Автор на видеата е Мартин Иванов.
Дарија Андовска е еден од најплодните македонски автори, со широк спектар на делување.
Луѓето имаат обичај да кажат: нека биде волјата Божја. Мојот пријател, ако живееш лошо, тоа не е Божја волја! Ниту, пак, може да биде, никогаш. Тоа е твојата волја и кукавичлук, зашто не сакаш да ја сносиш одговорноста. Лошиот карактер, пороците и гревовите со кои несакаш да се бориш, не се Божја волја, туку волјата демонска.
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата. Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил. Во таков случај, Светите отци нè учат: “Обнови ја молитвата; почни да се молиш однов...
Човек кој е зафатен со стално вдлабнување во своите гревови нема јазик за празни зборувања.За ручекот и во црква ништо не зборувај,освен во случај на потреба.
Ако во сауната често се отвараат вратата од неа излегува топлотата.Така и душата кога многу зборува ја губи топлотата,зошто молчењето собира,а зборувањето расипува.
Дете кое расте во семејство со насилство е многу веројатно да развие емоционална нестабилност и несигурност, страв, депресија, пост трауматски стрес, проблеми со сонот и хранењето. Насилството во семејството го исполнува со страв и тоа се одразува на неговиот целосен развој како личност.
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата.
Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил.
Смртта за христијаните не е крај, не е исчезнување, туку е граница, премин, и почеток на вистинскиот живот, кој зависи од тоа, што сме посакувале во овој земен живот. Оној кој ја познал Вистината – Христос, и кој се трудел да се кае за сторените гревови, да не греши, да Го љуби Бога и ближните, да се причестува со Телото и Крвта Христови, таквиот уште во овој живот го започнал рајскиот живот, таквиот ја победил смртта заедно со воскреснатиот Христос.
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа, се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели. Впрочем, Апостол Павле кажува кои се плодовите на Духот: љубов, радост, мир, широкоградост, благост, добродушност, вера, кротост, воздржание (Галат. 5, 2).
А за колкава сума би се согласил да ти ги извадам очите? Или за колкава сума би го дал твојот слух?
Младичот не се согласил за никаква сума да ги продаде очите и ушите.
Тогаш учител му рекол:
- Гледаш ли мил мој, Бог ти дал такви дарови кои што ги надминуваат сите богатства на овој свет.
„Господ го познава срцето на секој човек, кое ако љуби и ќе простува, ако љуби и ќе се покајува, ако тоа го чини непрестајно ќе ја потврди верата во која живее, а со надежта која му е поткрепа во Воскресението и љубовта која е само Христова особина, а ние нели треба да се уподобиме на Христа, преку молитвите на единствениот човечки пример, Богородица и секогаш Дева Марија, и сите светии кои немале време за формалности,
Сите Свети Отци го почитуваат смирението како основа на секоја добродетел. При присуство на смирение во душата лесно се развиваат сите други добродетели. Но кога нема смирение, тогаш добродетелта престанува да биде добродетел, а светоста преминува во прелест; тогаш делата на милосрдието, подвигот на постот, умртвувањето на телото и тн., сето тоа се врши поради суета и сл.
Што велиме во храмот секоја вечер? „Светлино тивка од бесмртната слава, Светиот, и Блажениот, и Небесниот, Христе!“ Бог е тивка светлина, Он е светлина која не те заслепува, не те уништува, не прави да се чувствуваш непријатно, туку убаво, комотно, прави да чувствуваш дека постоиш. Он не те брише за да може Он да постои, туку умира за да можеш ти да постоиш и постепено откриваш, дека сопостоиш заедно со Него и дури во Него.
На 24. 02. 2019 година, во Неделата на блудниот син, кога го прославуваме споменот на светиот маченик Георгиј Кратовски и светиот Власиј, во храмовите на Австралиско – сиднејската епархија беа отслужени Свети Божествени Литургии, на кои верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Дали забележувате, дека полесно е да купиш икона и да ја поставиш на ѕид, отколку вистински да посветиш време за молитва пред неа. Тоа е еден вид „православното користољубие“ кое ги заменува сите овие дејства – како просење, барање, чукање и.т.н. Користољубието е дел од нашиот нормален начин на живот. Нашата култура нè има научно само да консумираме, односно да се здобиваме со предмети. Ние не ја добиваме храна, туку ја купуваме.
Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би гo oставил пoмалoтo?
Кoга нe би гo oткривалo сјајoт на драгoцeнoтo благo, кoј би ги напуштил пoeвтинитe блага?
Затоа, деца, како православни ги отфрламе и двете крајности, кои се ерес. Го отфрламе екуменизмот, го отфрламе и зилотизмот. Не прифаќаме дека сме фундаменталисти, ниту екуменисти. Ние сме православни христијани, врамнотежени луѓе, го љубиме целиот свет, се молиме за целиот свет – преку Литургијата – не сме ние оние што ќе му судат на светот, Бог ќе му суди на светот. За нас, пропаста дури и на едно суштество е болка. Не сакаме ниту еден човек да исчезне од Божјото лице, апсолутно ниту еден.
Кога ќе ви се нафрлат некакви фантазии, не спротивставувајте ѝм се сами, туку фрлете со камен по нив. А каменот е Христовото Име, Исусовата молитва...Да се истераат помислите не во ваша моќ, туку да не се прифатат: ги изгонува Исусовото Име. Кога понекогаш молитвата не е со внимание, кога е расеана, не треба да се паѓа со духот.
Затоа, ако некој на својата рака или на својата облека закачи мартинка или бројаница со некаква вера дека тоа, самото по себе, ќе му донесе здравје и среќа, треба да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни.